Alfa Romeo GT Junior на струја и со повеќе од  500 КС

Од 0 до 100 км/ч забрзува за само 3,4 секунди, додеа автономијата со едно полнење на батериите е проценета на околу 320 км…

Работилницата за преработки Totem Automobili работи врз проект на трансформација на класичната  Alfа Romeo GT Junior 1300 во расен електричен автомобил со моќност од 525 С (386 kW) и вртежен момент од  940 Nm.

Пакетот на батерии е со капацитет од 50,4 kWh a Totem Automobili проценуваат дека истите ќе му обезбедат досег во возењето од околу 320 км. Од компанијата велат дека масата на пакетот батерии изнесува 350 кг.

Инаку, Alfa Romeo GT Junior e позната по супер агилноста во оригиналната форма, a за да остане таква и во овој случај, компанијата обезбедила панели на каросеријата од карбонски влакна со цел да се намали вишокот на масата.  Од првобитната каросерија пратично останало само 10 %. Наместо оригиналното потпирање  во вид на двојни попречно поставени рамења, Totem Automobili примениле MacPherson решение со Bilstein Clubsport пружини. Како опција компанијата нуди и воздушно потпирање.

Одзади е монтиран нов под-рам што го држи електромоторот а на него е поврзано задното мулти-линк потпирање изработено од алуминиум.

Поработено и на визуелниот настап. Хаубата сега е положена во рамнина со каросеријата, без суптилната усна над предниот дел. Наместо два големи фара напред тука се уште два помали под нив.

Познатата маска на оваа спортска автомобилска мара од Италија  е сега отворена во средината, каде некогаш биле прегради.

Компанијата исто така креирала и ковани фелни со димензии од 17- инча со низа на циркуларни отвори, uво стил на  GTAm тркачките модели.

Од Totem Automobili не понудија увид во внатрешноста на нивната креација, но фирмата вели дека тука се два екрана од 3,5- инча за инструментите. Стаклата, сега, се опремени со електрични мотори за кревање и спуштање, a купувачите во опција може да добијат и лима уред.

Во Totem Automobiliимале намера со оваа  GT креација да дебитираат на почетокот на летото, на Фестивалот на брзината во Гудвуд, но бидејќи таа манифестација е одложена поради пандемијата од корона вирусот, промоцијата ќе биде на некоја друга манифестација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW Nivus денес имаше глобална премиера

Новиот Genesis G80 дрско и без ронка страв на мегдан со Audi, BMW и Mercedes!

Специјална понуда Citroen C3 Aircross Rip Curl

И BMW Serieѕ 6 Gran Turismo ги затегна брчките!

Обновенa BMW Series 5

Обновени Mercedes E Сlasѕ Coupe & Cabrio

Најавен новиот Hyundai Santa Fe

Jeep Compass добива турбо бензински мотор со волумен од 1.3-литри

Можно ли е или само шпекулација – Fiat ќе ги спои 500X и 500L во 500XL