Alfa Romeo камиони- тоа би било фантастично

Убав сон но кој речиси е сигурно ќе остане само на цртежи и на желбите не само на Алфистите туку на сите вљубеници во убавиот дизајн и италијанскиот стил…

Навистина изгледа премногу добро, Alfa Romeo во секторот на тешки комерцијални возила. За некои тоа звучи како добра прво априлска шега, но далеку сме од тој ден на шегите, а и идејата нам ни се бендисува.

Всушност кога ќе се погледнат нацртаните рендери и фотографии на камионите на производителот на автомобили од Милано, ретко кој не би посакал да седне зад нивниот управувач и да извози многу и многу километри во прекрасниот друмски крстосувач.

Добра креација и кога од Iveco би им стасала поддршка во знаењето, умеењето и искуството.

Овој концепт претставува необичен поглед на Alfa Romeо и нејзино пловење во  непознатите води на комерцијалниот сектор, каде би биле вметнати многу емоционални напливи и  линии што заведуваат .

Тоа би била многу голем новина во понекогаш претешкиот возачки занает, што сега би бил екстремно  разубавен …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Баварците со моќна артилерија- BMW X3 и X4

Иднината на pick-up е на струја или!!!

Porsche 356 A Speedster на аукција- Деликатес за колекционерите

Geely и Daimler го прошируваат партнерство

Новиот Renault Zoe со едно полнење на батериите минува 400km!

И Tucson во N performance дивизијата  на Hyundai

Шест децении Škoda Octavia (1959 – 2019)- Успешна приказна од Млада Болеслав

Abarth на прекрасен начин ја одбележа 70-годишнината од основањето

Citroën ќе го прослави 100-от роденден со единствена изложба!