Alfa Romeo по трет пат избрана за „Најдобар бренд во сите класи“

Повеќе од 60.000 читатели на списанието AUTO BILD го избраа дизајнот на моделот Alfa Romeo како победник во три категории….

Во студијата за одлуки за купување „Најдобри брендови во сите класи во 2021 година“, Alfa Romeo беше на врвот во категориите компактни автомобили, средни автомобили и средни SUV модели. Читателите на списанието AUTO BUILD го пофалија стилот на Аlfa Romeo. Во најновата анкета „Најдобри марки на сите класи“, тие ја избраа Alfa Romeo за најубав автомобил во три категории.

Во категоријата компактни автомобили, во која спаѓа и моделот Alfa Romeo Giulietta. Потоа во категоријата „Средна класа“, во која победник беше Alfa Romeo Giulia. И, конечно, во категоријата SUV модели со средна големина, каде што Alfa Romeo го претстави моделот Stelvio. Alfa Romeo Giulia и Alfa Romeo Stelvio ја прославија петтата победа по ред како дел од студијата AUTO BILD за одлуките за купување.

Дизајнот на сите три победнички модели, кој веќе има освоено бројни меѓународни награди, беше создаден во Alfa Romeo Centro Stile, традиционален и инспиративен центар, кој исто така неодамна стана седиште на брендот, каде што тимот на Alfa Romeo тесно соработува со дизајнери кои создавале и продолжуваат да создаваат, модели што влегоа во историјата на автомобилизмот.

Убавината и динамичноста отсекогаш биле причина за издвојување на секоја креација на италијанскиот бренд, а освојувањето на „Наградата за најдобар бренд“ во Германија дополнително ја збогатува веќе големата колекција трофеи што брендот ги донел дома во Италија во последните неколку години.

Alfa Romeo Giulietta, меѓу другите, ја доби наградата за дизајн Autonis од списанието AUTO, MOTOR UND SPORT и „Трофеј за дизајн“ од списанието AUTO ZEITUNG.

Дизајнот на моделот Alfa Romeo Giulia ги освои, меѓу другото, наградата RED DOT во Германија и наградата Compasso d’Oro, една од најпрестижните награди низ целиот свет.

Alfa Romeo Stelvio, првиот SUV на марката, победи и на натпреварот Аutonis“ организиран од списанието AUTO, MOTOR UND SPORT. Верзиите на моделот, кои исто така освоија најмногу награди за технологија, задоволство во возењето и иновативноста се Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio и Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio.

Стандардните врвни модели од двете серии се дел од супер спортската лига на автомобили, благодарение на моќноста на бензинскиот мотор V6 битурбо со 510 КС.

Како дел од студијата „Најдобри брендови на сите класи“, спроведена по десетти пат, AUTO BUILD побара од читателите да ги оценат најпознатите брендови од различни индустрии.

Најважните критериуми за купување автомобил, вклучително и дизајнот, се поделени на делови. Во авто-мото сектор беа избрани 37 марки од 14 сегменти, од најмалиот автомобил до SUV креаци. Вкупно, учествуваа повеќе од 60.000 читатели.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Bentley со електричен SUV во 2025

До идниот понеделник бензите ќе се продаваат по „стара“ цена а дизелот поскапе

Tesla го одложи отворањето на фабриката во Германија

Niva Travel и Legend ќе се склопуваат на иста производна лента

Ford во Романија вложува 300 милиони долари

Dacia Duster доцни со ре-дизајнот!

VW Golf во март најпродаван автомобил во Европа- Кралот не се дава!

Русија воведува квоти за „зелени“ автомобили

Автономни возила веќе годинава на патиштата низ Б. Британија