Alfa Romeo се подготвува за старт на производството на моделот Tonale

Познатиот бренд од  Милано прави пред-производствени подготовки во врска со пристигнувањето на новиот SUV модел….

Во компанијата сметаат дека Tonale ќе биде автомобилот што ќе ја спаси Alfа од кризата во која се наоѓа. Кога се појави како концепт, ги преплави специјализирание медиуми, пред се заради неговиот необичен изглед, а од тогаш за него се зборува многу често, па сепак има многу малку конкретни информации.

Пјетро Горлије, шеф на FCA за регионот ЕМЕА, потврди за италијанските медиуми дека Alfa ги започнала сите неопходни подготовки за да може да стартува со производство на моделот Tonale .

Горлије не сакал да даде прецизни податоци за тоа кога овој SUV ќе започне да излегува од производните линии, но се верува дека тоа би можело да биде на крајот на следната година, кога се очекува официјалното деби на Tonale.

Новиот адут на Alfа ќе се произведува во фабриката во Помиjaно, каде започнаа работите за создавање производни линии за Tonale. Горлије изјави дека подготовките за фабриката ќе траат максимум 18 месеци, „но дека работите се во поодмината фаза “.

Тоа што сега се знае е дека Tonale ќе ја користи истата платформа како Jeep Compass, и дека гамата на мотори ќе се состои од бензински и  дизел мотори, при што повеќето, ако не и сите, бензинци ќе имаат блага (mild) хибридна технологија,а според Горлије, дизелите ќе претрпат ревизија за да испуштаат пониски емисии на штетни гасови.

Исто така речиси е сигурно дека Tonale ќе дојде и како plug-in хибрид, а погонот најверојатно ќе биде земен од хибридниот Compass.

Alfa  веќе потврди дека Tonale нема да ја добие QV-верзијата, но ќе има Tonale Veloce – како спортска варијанта на „теренецот”.

Повеќе детали за Alfa Romeo Tonale ќе бидат достапни во наредните месеци, со очекувана  поинтензивна маркетинг и промотивна кампања на овој модел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peugeot 108 доби освежување и нови бои

Volkswagen Golf 8 Alltrack -2021: crossover изведен од караванот – Variant

Нови дополнителни информации за Toyota Corolla Cross

Lamborghini го претстави Sian Roadster вреден над три милиони евра и веднаш го распродал

Hyundai го покажа ликот на Elantra N Line

Cupra го претстави својот жежок hatchback на струја, el-Born

Спортскиот Hyundai i10 N Line доаѓа од Измир!

Во Peugeot подготвуваат мини crossover- 1008?

Почнува откривањето на новата S Class (W223)