Alfa Romeo со спортски верзии на Giulia и Stelvio Quadrifoglio на Palexpo 2019

Италијанската спортска автомобилска марка Alfa Romeo ги најави адутите за годинешното издание на меѓународниот саем во Женева, што започнува за идната недела

Секако на штандот на спортската автомобилска марк од Милано ќе има и други новини, но во моментов од Alfa Romeo посочуваат дека главен акцент ќе дадат на специјалната лимитирана серија Alfa Romeo Racing на моделите Giulia Quadrifoglio и Stelvio Quadrifoglio.

Со оваа специјална едиција Италијанците ќе му оддадат почит на легендарното наследство на компанијата во мото спортот и новиот тим во Formula 1- Alfa Romeo Racing.

Друга интересна новина која ќе ja претстават на женевската изложба од Alfa ќе биде специјалната верзија Stelvio Ti (Turismo Internazionale).

Имено, Stelvio Ti ќе биде претставено во верзија со  бензински мотор со четири цилиндри, со работен волумен од 2.0-литри што ќе испорачува максимална моќност од 280 КЅ и највисок вртежен момент од 400 Nm.

Агрегатот доаѓа во комбинација со осум степен автоматски менувач на брзини, што силата ќе ја пренесува на сите четири трклала (погон 4х4) што во Alfa Romeo ја носи ознаката – Q4.

Таквата комбинација на оваа изведба на Stelvio  ќе му овозможи супериорни перформанси: Забрзување од 0 до 100 km/h за  само 5,7 секунди и максимална брзина од 230 km/h.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alfa Romeo Giulia QV – посебна изведба во егзотични бои!

Претставено мало електрично возило наречено по Хусеин Болт!

KIA најави уште еден мал SUV

Вака изгледа внатрешноста на новата BMW Series1

Новиот Aston Martin на Бонд преполн гаџети за тајниот агент 007!

Во Барселона Lexus со автомобил од вселената во портокалов аранжман!

Новиот Range Rover пристигнува 2021

McLaren го произведен 20.000-от автомобил во Вокинг

Три децении на култната Mazda MX-5 (Miata)