Alfa Romeo спонзор и на 1000 Miglia 2020

Тригодишниот договор за партнерството помеѓу Alfa Romeo и најубавата трка во светот продолжува и таа ќе се одржи на традиционалната патека Бреша-Рим-Бреша од 13 до 16 мај идната 2020 година…

И годинава продолжува договор за спонзорство потпишан во 2019 година со важност од три години, однсно до 2021 година.

Инаку, на оваа легендарна и атрактивна трка ќе учествуваат и неколку непроценливи модели на Alfa Romeo од колекцијата на FCA Heritage, а како спонзор компанијата на организаторите ќе им обезбеди флота од 30 возила од моделите Giulia и Stelvio што се и официјални автомобили на трката 1000 Miglia.

Потсетуваме, еден од најпознатите настани во историјата на брендот се одиграл во 1928 година кога Alfa Romeo на второто издание на 1000 (Mille )Miglia освојува индивидуални и тимски титули, со осум автомобили.

До 1957 година Alfa Romeo има 11 победи во оваа трка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Polestar и Koenigsegg ќе „танцуваат” заедно!

DMC Ferrari 812 Superfast Spia

Hennessey Performance Jeep Grand Cherokee Trackhawk со1012 KС

Mazda RX-Vision GT3 (2020): Со „огнено крштевање“ на PlayStation повикува на враќање на Wankel мотор

Ќе ја биде – нема да ја биде – Alpine ќе опстане како производител на електрични возила

Spiderman ќе вози Hyundai Sonata

Најпознатиот автомобил на Џeмс Бонд повторно во производство- Цена „боли глава”

Екстремна заштита: Блиндирана G Class што ниту 13 кг. TNT не и можат ништо

Одложено пристигнувањето на Ford Mustang Mach-E во Европа