Alfa Romeo  спонзор на легендарната трка 1000 Miglia 2019!

Познатиот автомобилски бренд од Италија го обнови партнерството со „најубавата трка во светот“ и ќе биде авто – мото спонзор на истата и во наредните три години

Меѓу другото во организацијата на легендарната трка Alfa Romeo ќе обезбеди флота од 30 модели на Giulia и на Stelvio, што ќе бидат официјални возила на Трката 1000 милји за 2019 година. При тоа треба да се истакне дека поврзаноста на брендот и легендарната трка датира иште од далечната 1928 година,  кога Alfa Romeo ја забележа својата прва победа на легендарната трка. Севкупно, на трките кои имале натпреварувачки, а не ревијален карактер како денес, а кои се одржувале од 1927, до 1957 година марката од Милано победила  дури 11 пати, рекорд што никогаш нема да биде урнат.

Спортската DNK на Alfa Romeо се уште зрачи од овие автомобили со најдобри перформанси во класата, а тука е и тркачкиот модел C38 што го вози Alfa Romeo Racing тимот во Formulа 1.

Специјалната серија  на Alfa Romeo Racing моделите Giulia Quadrifoglio и Stelvio Quadrifoglio, ќе бидат претставени на широката јавност на Интернационалниот салон за автомобили во Женева, веќе утре, а нивната главна задача е да ја слават легендата и богатото спортско наследство на марката.

Но да одиме по редот на нештата  37 –то издание на ревијалната манифестација која Енцо Ферари (починатиот основач и сопственик на Ferrari) ја нарекол „најубавата трка на светот“ ќе биде одржано од 15, до 18 мај тековната 2019 година на традиционалната патека – делница Бреша – Рим – Бреша.

Овој настан што вљубениците во класични и историски автомобили не можат да го пропуштат повторно ја има компанијата Alfa Romeo како авто – мото спонзор: симбиоза на бендот и легендарното рели натпреварување е обновена на уште, како што погоре спомнавме, три години.

Како и секогаш, неколку вонредни Alfa Romeo модели што се наоѓаат во Museo Storico Alfa Romeo – La macchina defl tempo во Арезо, дел од колекцијата FCA Heritage, одделот на групацијата посветена на заштита, зачувување и промовирање на култното наследство на италијанските марки на FCA, ќе бидат прикажани на настанот во Бреша.

Тие историски бисери ќе се приклучат на парадата во која ќе учествуваат 30 модели на Giulia и Stelvio, како официјални возила на Трката 1000 милји 2019 година.

Потсетуваме трката 1000 повеќе од девет децении е врвен израз на страста кон автомобилите.

Трката своите корени ги датира во далечната 1927 година како масовна старт трка која започнува и завршува во Бреша, а „патеката“ води до Рим, и назад преку Апенинскиот полуостров, во должина од 1600 km, или илјада милји (mille miglia).

Во 1928 година, за време на второто издание на трката, Alfa Romeo се закити и со поединечна и со тимска титула, a сите осум автомобили на Компанијата успешно ја завршиле трката.

Севкупно на трките, од кои последната е одржана во 1957 година, победил 11 пати: што е рекорд што никогаш нема да биде урнат, и кој ставил печат на нераскинливиот спој на двата бренда што ги краси посебна слава на светската авто – мото сцена.

Покрај тоа победите на трката 1000 милји  се само една од многуте показатели на важноста на трките во рамки на овоплотување на идентитетот на марката од Милано – Alfa Romeo, кој однел победи во врвните авто – мото настани во минатото, но и денес, од DTM, до Targa Florio, a не треба да се заборави и Formulа 1.

Всушност брендот победил на првото издание на  Grand Prix шампионатот во  1950 година, кога Нино Фарина возел за Alfa Romeo 158.

Веќе наредната година, легендарниот Хуан Мануел Фанџо го повторил истото во сезонската победа во Formulа 1 во возилото – болид  Alfa Romeo 159.

Денес, легендата оди заедно со  тимот Alfa Romeo Racing,  што е новото име на тимот што во тековната сезона 2019 ќе се натпреварува во автомобилите  опремени со погонски единици на  Ferrari.

Како одраз на тоа техничко и историско наследство на популарната италијанска марка што за истата е од големо значење, на салонот за автомобили во Женева, што утре ќе го има првиот ден за медиумите, брендот ќе ги претстави возбудливите модели Giulia Quadrifoglio и Stelvio Quadrifoglio.

Моделите се во рамките на лимитираната серија Alfa Romeo Racing, што го прославува легендарното тркачко минато на марката Alfa Romeo, како и доказ за доаѓањето на новиот Италијанец, возач на големата сцена во Formulа 1:  Антонио Џовинаци .

 

Младиот Италијанец, имено, се приклучи  на тимот Alfa Romeo Racing, заедно со возачката легенда Кими Раиконен, инаку светски шампион во Formula 1 во сезоната  2007.

 

Тајната на брендот Alfa Romeo се крие во воодушевувањето и статусот што ги инспирира  само со историски модели, туку и со денешните автомобили на марката, што, низ моделите Stelvio и  Giulia, ја отелотворуваат новата парадигма на брендот.

Stelvio е прв SUV што, во повеќе од еден век на постоење на брендот, повторно испишува правила во своја класа, на начин што поставува нови стандарди во однос на перформансите, додека, пак, Giulia, е спортски седан, во кој функционалноста и динамичната убавина се споени за да се остварат ненадминати перформанси.

Тие се дел од официјалниот возен парк што брендот ќе го обезбеди за организаторите на легендарната трка, како официјални автомобили, a нивната парада на легендарната патека ќе биде повеќе од идеална можност за претставување на брендот Alfa Romeo, односно на неговите вредности, овоплотени низ историјата и низ тркачките натпреварувања.

Навистина нешто што вреди да се види барем еднаш во животот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руси и се е можно – Од Bentley направил тенк!?

Обновен Citroën Scarabee d’Or првото возило што ја минало Сахара!

BMW i3 -хит за полицајци пожарникари и итна служба…

Баварците ја одбележуваат 35 годишнината на Series 5 со лимитирано издание

Renault Zoe такси што самостојно вози!

Книгата за брендот Bentley поскапа од автомобил на оваа марка!

Посебна серија Smart ForTwo FCE #21- за збогување со бензинците

Porsche Driving Expеrience-нова авантура и промоција на новиот 911 во Македонија

Новиот Alfa Romeo 8 C – Hybrid co 800 KS