Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio со најдобри времиња на три патеки во Британија

Во постојаната трка за најдобри времиња на кружните патеки во категорија на продукциски автомобили, се и SUV моделите чиј концепт, во кои е пресметана и големината и типот на пневматиците, најавува дека никогаш нема да слезат од асфалтната лента …

Како и да ем во Alfa Romeо во ловот на рекорди на три кружни патеки во Велика Британија испратиле три свои најмоќни производни  SUV возила – Stelvio Quadrifoglio со кои управувал тркачот Дејвид Брис.

PПотсетуваме, претходно овој SUV има постигнатото најдобро време на германската легендарна патека Нирбургринг Нордшлеифе (Nürburgring Nordschleife ) од 07:51.7 минути.

Станува збор за Stelvio, што на себе ја носи прочуената ознака – детелина со четири листа, а кој најдобри времиња по круг сега постигна и на патеките во Британија Силверстон ( Silverstone), Донингтон Парк (Donington Park) и на Бренд Хеч ( Brands Hatch).

Со бучава и со механика што сепак ни изгледа посоодветна за најмоќната и најбрзата спортска лимузина од Милано – Giuliа Quadrifoglio, моќниот SUV – Stelvio за затворање на кругот на патеката Силверстон „потрошил“ само две минути и 31,6 секунди.

За патеката во Динингтон Парк му биле потребни една минута и 21,1 секунда, додека остварениот резултат на патеката Брендс Хеч  во Инди ( Indy) конфигурација ја поминал за 55,9 секунди!

Само како потсетување ќе речеме дека, Stelvio Quadrifoglio е задвижуван оа бензински агрегат со работен волумен од  2,9 –литри, со шест цилиндри, поставени во форма на латинската буква V, што со помош на двата турбо полнача испорачува моќност од 510 КЅ и 600 Nm вртержен момент.

Тоа е доволно за забрзување од 0 до 100 km/h за само 3,8 секунди и постигнување на максимална брзина од 283 km/h што е навистина импресивно за 4,7 метра долгиот SUV.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воената полиција на Русија вежба возачки вештини!

Најбрз блиндирана автомобил на светот !

Polestar и Koenigsegg ќе „танцуваат” заедно!

DMC Ferrari 812 Superfast Spia

Hennessey Performance Jeep Grand Cherokee Trackhawk со1012 KС

Mazda RX-Vision GT3 (2020): Со „огнено крштевање“ на PlayStation повикува на враќање на Wankel мотор

Ќе ја биде – нема да ја биде – Alpine ќе опстане како производител на електрични возила

Spiderman ќе вози Hyundai Sonata

Најпознатиот автомобил на Џeмс Бонд повторно во производство- Цена „боли глава”