Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio SUV на годината!

Моќниот модел со најсилен пакет опрема победи на натпреварот на специјализираниот за автомобилизам магазинот  AUTO ZEITUNG….

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio повторно го освои првото место, натпреварувајќи се со познати германски, италијански и британски брендови.

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio во 2020 година ја освои наградата што овој италијански теренец со високи перформанси ја освои пред две години: магазинот за автомобили AUTO ZEITUNG уште еднаш ја додели наградата „SUV на годината“ на врвната верзија од 375 kW (510 КС).

Овој пат, Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio ги надмина 11-те конкуренти, меѓу кои беа и најмоќните теренци на најголемите германски, италијански и британски брендови.

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio има V6 bi-turbo бензински мотор, што е развиен потпирајќи се на знаењето на марката Ferrari.

Неговите 375 kW (510 КС) овозможуваат забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,8 секунди, а максималната брзина од 283 кмч.

Агилното управување е можно поради активна суспензија со електронска контрола на амортизерите (AlfaTM Active Suspension), тука е и AlfaTM D.N.A. Pro Dynamic Driving Control system, што е уште подобар благодарение на новиот тркачки режим „Race“, системот за сопирање со високи перформанси Brembo®, погонот на четири тркала AlfaTM Q4 со електронска контрола, идеалниот сооднос на тежината од речиси 50/50 помеѓу предната и задната оска и многу директен контролен пренос.

Спортските седишта со тапацир од кожа и Алкантара® и осумстепен автоматски менувач кој ви овозможува да менувате брзини со рачките на воланот дополнително го подобруваат возачкото искуство.

Набргу по премиерата, Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio постави рекорд на минување на кругот на теренци во сериско производство на легендарната патека Nordschleife во рамките на Нирбургринг.

Главните атракции на моделот 2020 вклучуваат напредни системи за помош при возење, кои овозможуваат автономно возење на ниво 2, и нов информативен и забавен систем со екран од 8,8 инчи (22,3 см).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan Titan стана pick up камионет на струја!

Rolls-Royce Black Badge колекција доби одвежување

Од Maserati го најавуваат  Project Rekall

Последниот Fiat 124 Spider за Јапонија ќе биде продаден на аукција

Најопасни се патиштата со минимално ограничување на брзини!

Последни рендери на идниот Peugeot 308

Volkswagen „кинески“ модел воведува  во Европа

Новиот SUV на MINI ќе се прави во Германија

Трејлер за нова Grand Tour авантура