Alfa Romeo Stelvio QV спортски автомобил на годината!

Читателите на специјализираниот германски магазин AUTO BILD SPORTSCARS ја избраа најмоќната верзија на моделот Alfa Romeo Stelvio QV за победник во категоријата – SUV/возила од увоз!…

Најголемиот број на читатели на специјализираното издание Auto Bild Sportscars ja избраа најсилната изведба на моделот Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio за „ спортски автомобил на 2019 година”.

Најмоќниот и уверливо најдобар модел на тој SUV автомобил е победник во категоријата „SUV/возила од увоз”.

„ Влезот на моделот Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio во ексклузивното друштво на „спортски автомобили на годината” на најдобар начин отсликува колку високо котира нашиот SUV модел помеѓу љубителите на спортските автомобили”, изјавила Кристина Маури (Cristina Mauri), бренд менаџерка и раководителка на маркетингот за Alfa Romeo и за Jeep.

„На крајот на краиштата, Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio не е единственото најмоќно возило во сегментот, туку и спортски автомобил икона , благодарејќи на својата динамика на возење и пробивноста.”

Потсетуваме, Quadrifoglio изведбата на овој благороден спортски SUV под капакот на агрегатот „крие“ моќен biturbo, бензински мотор со работен волумен од 2,9 –литри, со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква V, што испорачува моќност од 510 KS и 600 Nm максимален момент на вртење. Благодарение на погонот на сите четири тркала AlfaTM Q4, од 0 до 100 km/h забрзува за само 3,8 секунди.

Во пакетот на основната опрема во моделот Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio се наоѓаат: помеѓу другото и диференцијал со ограничено пролизнување и активна распределба на моментот на задната оска (системот AlfaTM Active Torque Vectoring), системот AlfaTM Chassis Domain Control, единствена средишна „интелигенција“ на возилото кое компанијата Alfa Romeo го креирала според сопствените алгоритми за управување со сите електронски  системи кои се активираат и складно интервенираат на однесувањето на автомобилот, правејќи го, на тој начин, возењето, исклучително природно, инстиктивно и над се безбедно.

Инаку, бројните читатели на специјализираниот магазин од Германија можеле да избираат помеѓу 110 актуелни модели во 10 категории при гласањето за „спортски автомобил на годината”…

Честитки за Alfa Romeo бренд со богато и славно искуство кој се враќа на патеката на успеси.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Rimac го купува Bugatti се чини дека приказната оди во спротивна насока!

VW Up! Ќе добие наследник!

McLaren Senna GTR LM уште посупериорни изведба на “спортистот“

Lockout и понатаму предизвикува пад на продажбата во Европа

Најавен Volkswagen Taos

Во Европа 83, а кај нас 77 проценти од вкупниот патнички сообраќај е со автомобили

Видео Најголемиот pick-up на светот

Cupra и Abt Sportsline во поход на Extreme E шампионатот

ЕУ ги заострува нормите за емисија на ЦО2 -до 2030 ќе ги намали двојно