По спроведеното истражување, компанијата Alfa Romeo заклучила дека можат да направат повеќе за родителите со деца, па затоа подготвиле специјална верзија на моделот Tonale…
Станува збор за моделот Edizione Bambini, кој има неколку практични додатоци корисни за семејства со деца.
Според информативните агенции, во пакетот опрема се вклучени додатоци за задниот дел на предните седишта, кои имаат држачи за пенкала, шишиња, слушалки, таблет компјутери, книги, играчки и слично, а има и камера која е наменета за деца за да родителите можат да ги гледаат на екранот на нивниот паметен уред без да мора да се вратат назад.
На располагање има и корпа за отпадоци.
Она што ќе биде корисно за оние со бебиња е практичната полица за менување на пелени ( пресвлекување), до која може да се пристапи со отворање на задната врата бидејќи се наоѓа под стандардната полица и треба да се извлече.
Покрај тоа оваа полица може да се користи и како работна површина за различни намени.
Одделувачите во багажникот ќе имаат корист за подобра организација, а има и интегрирана правосмукалка која се приклучува во штекер од 12V.