Alfa Romeo Tonale сепак ќе дебитира годинава

Нова шпекулации од „Италијанската чизма“ во врска со долгоочекуваната новина на марката од Милано…

Токму така, Tonale е модел за кој толку многу и често се зборува, а сè уште не е претставен во сериска форма. Автомобилот што требаше официјално да го стартува препородот на Alfa требаше да биде прикажан во текот на оваа година.

Сепак, новиот шеф на италијанската марка, Жан-Филип Импарато, не беше задоволен од перформансите на plug-in хибридната варијанта, па одлучи да ја одложи премиерата додека не се усовршат автомобилот и целиот склоп.

Сепак, најновите вести од Апенинскиот полуостров укажуваат дека раководството на Alfa брза да го претстави новитетот. Веќе е објавено дека целосната премиера на Тonale ќе се одржи на следниот саем за автомобили во Женева, што ќе се одржи во февруари 2022 година.

Италијанските автомобилски новинари веруваат дека Alfa ќе ги открие првите официјални фотографии од Tonalе на крајот на оваа година, додека сите информации или комплетното деби ќе бидат резервирани за салонот во Женева.

Да потсетиме, Тonal беше претставен во концептуален дух во 2019 година, а потоа беше најавен како замена или наследничка на Giulietta. Тоа беше во време кога Aлијансата FCA се уште постоеше, сега, под Stellantis, во тек се различни планови.

Со доаѓањето на Тonale, Аlfa ќе се врати во C сегментот од кој излезе откако беше завршено производството на споменатата Giullieta. Сепак, новото раководство сака и традиционален hatchback во оваа класа, но засега нема официјални информации за такво возило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Норвешка EV се конвенционални, а алтернативни се возила со мотори со внатрешно согорување

Германија: Предлог поголеми и потешки автомобили да плаќаат повеќе за паркирање

Најпопуларни автомобили август во Германија

Renault Kadjar ќе добие електричен наследник

Луксембург со најмногу автомобили на жител во Европа

Русија повеќе не казнува „преголема просечна брзина“ на патиштата

Новиот Citroen C4 и e-C4 100% electric-Успешен почеток на продажбата во Европа

Во област крај Москва ќе се гради прва фабрика на Tesla во Русија

Познати полуфиналистите на изборот Северноамерикански автомобил на годината 2022