Alfa Romeo Tonale во Македонија

Alfa Romeo Tonale пристигна во Македонија и ја има својата премиера со ексклузивната верзија Edizione Speciale.

Се карактеризира со врвно ниво на опременост и сензуален и напреден дизајн, за да ги задоволи оние купувачи кои први ќе одлучат да го купат првиот компактен SUV од Аlfa Romeo. Tonale означува вистинска Метаморфоза за Alfa Romeo, радикална еволуција кон нова ера на поврзување и електрификација.

Оваа ограничена специјална серија во конфигурација со хибриден мотор со 130 КС 48 V, на домашниот пазар достапна е со исклучитено богата опрема преку која се изразува целиот спортски дух и технологија на Аlfa Romeo: радио 10.25” Nav, 12.3” инструмент-табла, спортски волан обложен со кожа и алуминиумски рачки за менувач, безжичен полнач, амбиентално осветлување, предни и задни сензори за паркирање, интелигентен адаптивен темпомат, Full LED Smart Matrix предни светла, темeн кит детали за каросерија и предна решетка во V форма, затемнети стакла, спортски алуминиумски педали, отклучување без употреба на клуч и отворање на петта врата преку сензор, 20” алуминиумски тркала, шепи на кочниците во црвена боја…

Ексклузивно, за прв пат во светот, Tonale е првиот автомобил кој е опремен со NFT дигитален сертификат (non-fungible token – незаменлив токен).

Базиран на „blockchain“ технологијата и поврзан на уникатен начин, NFT кај Tonale го сертифицира автомобилот при купувањето и понатаму, во текот на циклусот на користење, ја евидентира употребата на автомобилот, а главната придобивка е заштита на остаточната вредност.

Во контакт со иднината, Tonale е опремен со најнапредната технологија за да обезбеди поврзување и удобност, истовремено нудејќи уживање во возењето типично за Аlfa Romeo.

Tonale нуди целосно нов интегриран систем за информирање и забава како стандард кој, благодарение на приспособливиот Android оперативен систем и 4G поврзувањето „Over The Air“ (OTA), гарантира постојано ажурирана содржина и услуги.

Со вкупна големина од 22,5“, двата големи Full TFT екрани го претставуваат „најдоброто во класата“.

Проектиран и дизајниран за центарот на нештата да биде токму возачот, Tonale ги соединува висококвалитетните материјали со ексклузивни обработки и им ги нуди на своите патници тајните на италијанското гостопримство.

За Alfa Romeo, Tonale означува природна појдовна точка во светот на електрификацијата.

Верзијата Edizione Speciale се појавува со мотор Hybrid со 130 КC со нов автоматски менувач со седум брзини, со електричен мотор “P2” од 48 V 15 kW и 55 Nm, кој е во состојба да пренесува погон на тркалата дури и кога моторот со внатрешно согорување е  изгасен.

За повеќе информации за новата Alfa Romeo Tonale Edizione Speciale посетете ја официјалната страна https://www.alfaromeo.mk/model/tonale/  или овластената продажна мрежа на Alfa Romeo во Македонија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигна новиот Citroën C5 X

Chery претстави пет модели под брендот Kaiyi

Mini Aceman Concept

Најавен MG 7

Обновени Fiat Cronos и Fiat Argo

Во “Sphere” новиот Peugeot 408 ги привлекува сите погледи…

Geely Binyue Cool

Нов Nissan X-Trail

Toyota Yaris Cross GR Sport