Алијансата на производители на автомобили инвестира во AI Start-Up Recogni

Автомобилските производители и Osram инвестираат 25 милиони американски долари во американско-германскиот AI start-up Recogn…

Алијанса на производители на автомобили и добавувачи, плус капиталисти кои прават ризични вложувања, вклучувајќи го Fluxunit на Osram, учествуваат во финансирањето на Recogni.

Компанијата, која има канцеларии во Силиконската долина и Минхен, развива платформа за обработка на слики за ВИ (вештачка интелигенција) -платформа за автономни автомобили.

Технологијата ги обработува податоците од лидарот, камерата и радарскиот сензор во реално време и со употреба на минимална моќност.

Покрај Fluxunit, партнерите кои ги вклучуваати Point Ventures, Toyota AI Ventures, BMW iVentures, Faurecia и DNS Capital со вкупен влог од 25 милиони долари за оваа рунда на финaнсирање

„Истражување на пазарот што го направивме покажа дека повеќето технологии за забрзување на невронската мрежа се дизајнирани или за перформанси или за моќ, но ниту една не е оптимирана за двете.

Платформата Recogni го надминува секој друг систем што сме го виделе за неколку регови на големината”, вели Ашок Кришнамуртти, Управен партнер на GreatPoint Ventures.

Според изворите во Recogni, која е основана во 2018 година, компанијата планира да ги искористи свежите средства за развој на најефикасен, најсовремен систем на перцепција на околината кој е на пазарот, комбинирајќи ги визуелните и податоците од лидар / радар за што ќе го зголеми својот инженерски тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Chevrolet со нов систем што условува врзување на појас

Razer со Chroma и кај автомобилите

Hyundai со електрмобил со соларно пoкрив за полнење батерии!

Новиот V8 Godzilla на Ford од 7,3 литри ветува голема сила на мали вртежи!

Hyundai со систем за монеторинг и сигнализација за состојбата на задната клупа

Новата Corsa е нај аеродинамичен – супер мини на пазарот

Driver Alert- Со електроника против сон зад управувачот

Hyundai со иновативна – хибридна трансмисија

Наскоро автомобилски делови од растенија што не се користат за исхрана!