Alpha Saga

Alpha Motor Corporation на саемот за автомобили во Лос Анџелес претставува нов електричен седан наречен Saga…

Креацијата на четири тркала на оваа марка – Saga е со пет седишта и располага со габарит: должина од 4700 mm, широчина од 1910 mm, а во восочина оди до 1450 mm

Во внатрешноста се издвојуваат дигиталната инструмент табла, информативно – забавниот систем, потоа воланот со три краци, како и спортските предни седишта и аудио системот со ретро изглед.

Фабриката наведува дека оваа тешка лимузина со маса од 1905 килограми ќе биде достапна во верзии со погон на задните тркала и со погон на сите четири тркала, а една од верзиите ќе забрзува од 0-60 милји на час (96 km/h) за околу 6,0 секунди додека најголемата ќе брзина изнесува 200 km/h

Со едно полнење на батеријата (85 kWh), Saga ќе има опсег од околу 300 милји (483 km), а полнењето до 80% од капацитетот ќе трае 60 минути.

Цените ќе се движат од 40.000 до 50.000 американски долари, а се уште не е познато кога ќе започнат испораките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Toyota Land Cruiser LEGO во сооднос 1:1

Techart Porsche 911 Police

Електрична Lancia Delta Integrale настапува воWorld RX шампионатот

Hennessey го испорача првиот Venom F5  и тврди дека може да јури со 500 км/ч

BMW М GmbH во чест на јубилејот се враќа на стариот беџ

Porsche планира голем crossover со три реда седишта

Електричен Калашников UV 4

Lancia Aurelia Outlaw European CSL

Saloon Mecha Dragon