Alpine објавува дека тркачкиот автомобил A110 GT4 Evo ќе се натпреварува на овогодинешното меѓународно натпреварување – ридското искачување на Pikes Peak што по традиција ќе се одржи на 23-ти јуни.
Победникот на FIA R-GT Купот од 2022 година, Рафаел Астијер ќе биде зад воланот. ва е првпат францускиот бренд да се натпреварува на спортски настан во Америка. Моделот за Pikes Peak нема да биде стандардниот A110 GT4. Дизајнерите на Alpine и тркачките инженери на Signatech ќе направат корекција на аеродинамиката на тркачкиот автомобил.
Оваа „тизер“ слика ја прикажува силуетата на големо крило и грбната перка. A110 GT4 Evo ќе биде со погон на задните тркала и ќе се натпреварува во категоријата Time Attack 1. Астие четири пати се натпреваруваше на Меѓународното ридско искачување Pikes Peak. Тој претходно постави рекорд во класата од 9:23.721 во категоријата Time Attack 1.
„Исклучително сум горд што сум избран за оваа програма и со нетрпение очекувам да го искористам целото мое искуство и знаење на првото вклучување на брендот во Pikes Peak“, рекол Астие.
Стандардниот A110 GT4 е надградена верзија на Cup тркачкиот автомобил. Користи 1,8-литарски турбо мотор со четири цилиндри кој има помеѓу 330 и 360 КС во зависност од балансот на перформансите во дадената серија.
Моќта се пренесува на задните тркала преку шестстепен секвенцијален менувач.