Alpine A110 по само три години производство би можел да биде  пензиониран!

Поради ситуацијата со коронавирусот, автомобилската индустрија претрпува големи загуби. Во обид малку да ги намалат овие загуби, производителите, па така и алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi разгледува начини да ги намали трошоците, а првиот потег би можел да биде фатален за Alpine …

Еден од конкретните потези може да биде да се затвори производството во францускиот град Диппе (Dieppe). Актуелниот модел Alpine A110, што на светот му беше претставен пред три години, се симнува од производните линии во таа фабрика.

Се шпекулира дека 400 луѓе ќе ги загубат своите работни места, а бидејќи тоа е единствениот производствен погон за Alpine A110, голема е веројатно дека тој модел рано ќе замине во пензија.

Клотилде Делбос (Clothilde Delbos) една од шефовите на Renault изјавилс:„Во неизбежното намалување на трошоците што треба да заштеди две милијарди евра, не може да има емоции и привилегирани модели, а производството на мали серии во сегашната ситуација не дава многу смисла“.

 

Од оваа изјава, можно е да се „прочита“ дека судбината на овој алуминиумски coupe-модел е неизвесна, но треба да почекаме до 28 мај, кога ќе бидат познати повеќе детали, односно дали францускиот Porsche и по втор пат ќе згасне!.

До сега фабриката имала список на чекање во траење од 14 месеци, а произведувала просечно од 15 до 20 примероци дневно.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија – Преполни плацови со нови возила купувачите претпазливи

На глобално ниво Renault отпушта 15.000 работници!

Пазарот во Германија полека заздравува

Пресврт: РКЕ со одлука за поевтинување на горивата од полноќ!

Продолжува окрупнувањето во авто- индустријата: Алијанската меѓу Ford и Volkswagen се официјализира

Datsun redi-GO facelift

Најавена новата Nissan Frontier

Еуроимпекс во партнерство со меѓународниот проект во рамките на програмата  „Еразмус +“

Извозната агенција на Италија одобри заем за Fiat Chrysler