Alpine одлучи да ја одбележи првата трка за Големата награда на Мајами во Формула 1 со претставување на пакетот South Beach Colorway за спортскиот автомобил А110.
Пакетот вклучува две специјални бои за надворешноста на спортскиот автомобил A110, кои се креација на програмата Alpine Atelier.
Ова се боите на Bleu Azur и Rose Bruyere кои ги придружуваат деталите за внатрешноста и надворешноста.
Пакетот South Beach Colorway е инспириран од неонските светла на Ocean Drive, зградите во Мајами, прекрасните зајдисонца и музичката сцена на градот.
Истовремено претставуваат и две историски бои на брендот и слични се на нијансите кои во моментот ги красат болидите на Alpine во Формула 1 шампионатот.
Двете бои се комбинирани со комплет бели 18-инчни Serac бандажи и сини/розови амблеми на столбот C.
Внатре има специјални патосници, светло сива нишка (шнит) за седиштата и централна конзола обложена со кожа, додека панелите на вратите се во боја на каросеријата и ги содржат истите амблеми како и надворешноста.
Alpine Bleu Azur и Rose Bruyere, на публиката и се прикажани за време на тркачкиот викенд во Мајами, кој се одржа минатиот викенд (од 6 до 8 мај).
Пакетот South Beach Colorway ќе биде вклучен во каталогот на компанијата од ова лето, а резервациите веќе се примаат.