Alpine A110 во боите на полицијата на Франција

Органите на редот во Франција ќе имаат многу сериозна машина во флотата наменета за итни реакции, пред се на автопатот…

На тој начин, француските пресретнувачи ќе добијат уште еден многу моќен автомобил по Megane RS! Локалното Министерство за внатрешни работи потврди дека нарачала 26 примероци од Alpine А110 во основниот Pure трим. Овој автомобил има 252 КС, што овозможува забрзување до „стотка“ за само 4,5 секунди, но и максимална брзина ограничена на 250 км / ч.

Исто така, беше кажано дека две возила ќе се користат за обука на полицајци кои ќе патролираат по автопати низ Франција, додека останатите ќе бидат дел од флотата за пресретнувачи. Не е објавено за колку ќе бидат платени овие автомобили, но почетната цена за А110 Pure во Франција е нешто повеќе од 58.000 евра.

Сепак, сигурно е дека француската држава доби возила значително поевтино, бидејќи 26 „спортисти“ на четири тркала не е мала нарачка за производител како Alpine.

Со оваа наредба малку е смирена и француската јавност, која остро реагираше на најавите дека Mинистерството за внатрешни работи  ќе го купи шпанскиот SEAT Leon Cupra за наследникот на СMegane RS. Сепак, тој тендер на крајот пропадна, на општа радост на Французите…

На овој начин, полицијата на Франција се враќа на своите корени, бидејќи еден од првите пресретнувачи во оваа земја беше оригиналниот Alpine А110, предок на сегашниот „спортист“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Toyota Land Cruiser LEGO во сооднос 1:1

Techart Porsche 911 Police

Електрична Lancia Delta Integrale настапува воWorld RX шампионатот

Hennessey го испорача првиот Venom F5  и тврди дека може да јури со 500 км/ч

BMW М GmbH во чест на јубилејот се враќа на стариот беџ

Porsche планира голем crossover со три реда седишта

Електричен Калашников UV 4

Lancia Aurelia Outlaw European CSL

Alpha Saga