Alpine A110GT Coupe –побрз посилен, попривлечен и поскап!

Од Renault Group пред некој ден ни ја претстави освежената модификација на францускиот спортист, или како што некогаш се милуваше да се рече -француско Porsche…

Да потсетиме, модерниот спортски „лимен лик“ на четири тркала со ознака Alpine A110 дебитираше во 2017 година, па не е ни чудо што сега е модернизиран, бидејќи навистина не му требаше традиционално затегнување на брчките затоа што автомобилот делува атрактивно во стилот на безвременскиот дизајн.

Како поинаку да се каже кога A110 стилски се потпира на легенда од 1960-тите, што без никакви огради беше исклучително успешна. Затоа, како дел од планираното ажурирање, привлечното Coupe доби само помодерен мултимедијален систем. Имено, сега има екран од седум инчи, Bluetooth конекција, како и два интерфејси, Apple CarPlay и Android Auto.

Главната цел на модернизмот се одрази во создавање на логичен и уредно дизајниран сет на модификации (верзии), кои би биле појасно различни една од друга отколку што беше случај до сега. Така, во иднина Alpine A110 ќе се нуди во три различно позиционирани варијанти. Сите тие ќе бидат придвижувани од истиот 1,8-литарски турбо бензински мотор, поврзан со роботски менувач со седум степени на пренос со двојна влажна спојка Getrag, но разликите меѓу нив ќе бидат очигледни.

Воведната- основна верзија на Alpine A110 ја задржува истата конфигурација. Ќе продолжи да нуди 252 КС, со максимален вртежен момент од 320 Nm. Се карактеризира со удобно поставување на суспензијата, односно она што обезбедува подобро филтрирање на несовршеностите на патот, исто така има и сопирачки развиени од познатиот Brembo, како и бандажи со дијаметар од 17 инчи.

Без оглед на верзијата на спортистот, спортските седишта на Sabelt се сериски инсталирани. Моторот сега има ново дотерување, такво што го прави поостар, иако тоа не се одразува на параметрите за динамиката на возењето. Новитетот достигнува 100 km/h кога стартува од место е за само 4,5 секунди и достигнува максимална брзина од 250 km/h.

Интересен додаток е тоа што кога ќе се активира контролата на тракцијата при ненадејно стартување, електрониката накратко деактивира еден од цилиндрите за да се постигне најостриот, „лут“ звук на моторот, сличен на р`жењето.

На другиот крај од опсегот на галските спортисти е екстремната верзија на Alpine A110 S, која се појави пред околу две години. Моќноста на моторот е зголемена од 292 КС“ и 320 њутн метри максимален вртежен момент, на 300 КС и 340 Nm. Ова купе има поцврста суспензија, повеќе е спортско ориентирана, тркала од 18 инчи, пошироки гуми и поголеми сопирачки. Напред, пнавматиците се 320 милиметри, додека назад се поскромни и нудат пречник од 296 mm во основа.

Во кабината доминираат облоги од материјал наречен микрофибер, а впечатливи се и ремените во портокалова боја. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 4,2 секунди, додека максималната брзина е 260 km/h.

Доколку одлучите дека вреди да се доплати, можете да нарачате гуми Michelin PilotSport Cup 2 Connect со верзијата S, како и нов аеродинамичен пакет кој вклучува заден спојлер и зголемен преден сплитер.

Додатоци за подобрување на каросеријата се дизајнирани да го зголемат вертикалниот аеродинамичен потисок што е еквивалентно на додавање 60 килограми товар на предната оска и 81 килограми товар на задната страна на спортското coupe.

Максималната брзина потоа се зголемува на pповеќе респектабилните 275 km/h. Тука е и податокот дека само верзијата со ознака S може да се добие со двобојно тело. Така, збор по збор, дојдовме до третата модификација, која се наоѓа во средината на малото алпско семејство.

Ова е верзијата означена со Alpine A110 GT Coupé. Комбинира моќен мотор со 300 КС и поголеми сопирачки, со стандарден систем за прамени и кабина наместена за поголема доза на удобност. Седиштата нудат продолжен дел од седечки дел и поскапи материјали за тапацир. Тркалата интегрираат фелни со големина од 18 инчи, но гумите се за еден инч потесни од оние од серијата S. Од 0 до 100 km/h, оваа верзија забрзува за 4,2 секунди, но максималната брзина останува на 250 km/h.

Редизајнираниот Alpine A110 Coupé е веќе достапен за нарачка на пазарите во Европа. Основната верзија треба да се плати не мала сума во износ од 59.500 евра, додека варијантата GT е проценета  на дури 69.500 евра. Конечно, најекстремната модификација на A110 S чини најмалку 71.500 европски банкноти. Многу, или пак малку, како и да е францускиот Porsche и ценовно се позиционира на германскиот ривал.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Subaru STI E-RA Concept, Solterra STI Concept, WRX STI Concept и Levorg STI Performance Concept

Нова Honda HR-V за САД

Новиот Peugeot 4008 доаѓа 2023 и во електрифицирано издание

Јeep Renegade 2022

Dacia Bigster пристигнува годинава

Haval KuGou

Нов Citroën C5 Aurcross SUV: Апсолутен комфор во понаметлив и попрестижен дизајн

Промоцијата на Volkswagen ID.Buzz најавена за 9 март

Hybrid BMW Series 7 со 560 КС