Alpine F1® Team влегува во Formula 1 ново име во големиот циркус на тркал

Не, Renault e староседелец во Formula1, но во планот за оживување на неговата спортска марка Alpine е нејзиното приклучувања на етаблираниот F1 Renault team…

Целта е да се направи реструктуирање врз основа на четири главни столба. Една од нив е Alpine, бренд кој има нов шеф и чија иднина е обезбедена по повеќемесечни шпекулации.

Новата стратегија е веќе лансирана од новиот шеф, поранешниот извршен директор на Seat, Лук де Мео, а четирите споменати „столба“ се Renault, Dacia и Alpine, заедно со единицата „New Mobility“.

„Компанијата има потреба од промени во рамките на својот„ модул на функционирање “и отстапување од постојаниот стремеж кон поголем обем со цел да се постигне профитабилност“, рече Де Мео.

„Организација организирана околу четири силни брендови со развиена меѓусебно функционирање (интероперабилност), ќе овозможи да се работи на поедноставен начин, ориентиран повеќе пазарно и кон клиентите, со тимски дух кој бара најдобри можни резултати.“

Де Мео е шеф на брендот Renault, и заедно со потпретседателот за продажба и маркетинг, Денис ле Вот, кој управува со новата структура во Dacia, додека неговиот заменик и директор за финансии, Клотилде Делбос е одговорнa за New Mobility.

Сепак, најважната вест е назначувањето на Сирил Абитебул, шефот на Renault Sport Racing и главната фигура во враќањето на Renault vo Formulu 1, на позицијата директор на Alpine.

Иако ова е одлична вест за спортската филијала на францускиот бренд, постојат шпекулации, иако не е потврдено, дека тимот на Ф1 може да биде преименуван за да свое место го  заземе и етикетата на Alpine спортската марка.

Иднината на Alpine беше доведена во прашање на почетокот на оваа година, што не треба да изненадува, бидејќи голем број клучни фигури вклучени во развојот на А110 ја напуштија компанијата, загрозувајќи ја иднината на фабриката во Диепе.

Renault во мај рече дека останува отворен за можности откако ќе заврши производството на А110.

Тоа што е многу извесно е дека Alpine ќе се трансформира во производител на чисто електрични спортски автомобили, иако сè уште не е добиена официјална потврда.

Renault, во мај исто така објави дека ќе ги намали фиксните трошоци за повеќе од 2 милијарди евра во следните три години, што ќе доведе до губење на 15.000 работни места ширум светот.

Француската марка претрпе големи загуби и беше подготвена за преструктуирање дури и пред да пристигне чумата во форма на COVID-19, што дополнително ја уништи продажбата.

Се очекува Renault  да даде дополнителни коментари во врска со изјавата на Де Мео.

Па така, во наредниот период, во текот на оваа година, би требало да следуваат деталите за организациските промени во францускиот автомобилски гигант.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот на Lamborghini станува извршен директор на Formula 1

Peugeot подготвува ултимативен „спортист“ за Le Mans 2022

Фетел го купи болидот Williams FW14B што го возел Менсел

Цените на горивата повторно паѓаат

Renault Talisman отстапува место на електрична лимузина!

BMW M4 GT3 е подготвен да се упати на тркачките патеки

KIA Sonet нов SUV од Кореја но не и за европскиот пазар!

Subaru WRX S4 STI Sport #

Новиот Stratos влегува во производство, премиерата во септември