Amazon го претстави новото возило за дотур

Од AMAZON го претставија иновативното електрично возило со кое ќе врши достава на своите пратки ширум светот …

Познат е и главниот партнер – start up компанијата од Мичиген – Rivian, за која веќе пишувавме, поточно за нејзиниот електричен камионет.

Името на возилото за дотур e Prime, a се до оваа недела не се знаеше ништо за карактеристиките на ова возило.

Претставени се три различни изведби со оглед на нивната носивост, но и видот на погонот.

Во подрачјата со посурова клима возилата за дотур на Amazon ќе имаат погон на сите четири тркала, додека пак стандардните изведби ќе бидат опремени со погон на тркалата од предната оска.

Сето преостанато ќе биде стандардизирано, а тоа и не треба да изненадува бидејќи веќе е направена голема нарачка од дури 100.000  примероци на тие возила.

Производството и испораката на оваа огромна флота на електрични возила ќе се одвива во временски период од наредни 10 години, заедно со стандардните модели на производителот –  pick up и  SUV моделите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видео Најголемиот pick-up на светот

Cupra и Abt Sportsline во поход на Extreme E шампионатот

Vanderhall најави своја прва креација на четири тркала  – моделот Navarro

Тркачки симулатор на Asaton Martin за што чини колку BMW 5 или Mercedes E Class

Враќање на легендарната DS (жаба)

Баварците го најави електричниот i4 удар на Tesla S

No Time To Die преполн со Aston Martin автомобили

Американец казнет со 569000 долари бидејќи од автомобил ја разгледувал Канада

Автомобили на пик на крадците во Германија