Amazon го презема Zoox и почнува со производство на само возечки Taxi возила!

Компанијата Amazon ја презеде стартап фирмата што развива автомобили што сами-возат -Zoox за 1,2 милијарди американски долари…

Корпорацијата на еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос (Jeff Bezos), рече дека нивната цел е, со купување на Zoox, да ја реализираат идејата за компанија наречена Amazoox.

Идејата е да се направи роботско такси или автономно такси возило, пишува американското деловно списание Forbes.

Според овој медиум, Amazon не погрешил со ова купување затоа што процениле дека само-возечките такси имаат голем деловен потенцијал.

Претпоставката е дека компанијата на Безос може да стане лидер во овој бизнис.

Но, ќе биде потребно повеќе време за такси автомобилите за самостојно возење да бидат достапни ширум светот.

Се очекува ваквите возила да го направат транспортот многу поевтин и да донесат други бенефиции за луѓето.

Овој деловен потфат исто така треба да ги подобри постојните услуги на Amazon и тоа првенствено се однесува на нивниот логистичка дејност.

Сепак, како што е наведено од Forbes, гигантот во интернет трговијата Amazon сè уште има многу да работи во развојот на автономни такси возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Škoda Scala Spider станува Slavia и потсетува на првите почетоци на марката

Jeep Renegade Orange Edition

Cupra Formentor e новиот официјален автомобил на ФК Барселона !

„Воскреснатиот” Aston Martin DB5 чини само 2,75 милиони фунти!

Фудбалерите на Баерн Минхен ќе возат електрични автомобили на Audi

Промотивно видео Rolls Royce Wraith Kryptos Collection Car

Tesla ја надмина вредноста на Toyota и стана највредна автомобилска марка

Storie Alfa Romeo, 10 епизода – Giulia и Stelvio се одраз на 110 години италијанска извонредност

Porsche 911 Turbo S или Taycan Turbo S…?