Електрификацијата претставува конечна елиминација за големите бензински мотори…
Некои ќе речат дека дојде последен пат, бидејќи и одделот на Mercedes AMG почна да им врти грб на моторите со внатрешно согорување и се повеќе експериментира со EV технологијата.
Затоа, германската перформанс дивизија и посебна марка во портфолиото на Mercedes – Benz на посебен начин се збогува со V8 погонската единица во специјалната E-Class преку поставување на специјално издание на овој модел.
Планирано е да се создадат само 999 примероци од седанот со superiorni перформанси, со што Mercedes на достоинствен начин ќе се збогува со сегашниот поим за потентна Е-Class.
Наместо V8 и мотори со шест цилиндри во иднина ќе гледаме комбинација на мотори со внатрешно согорување со конфигурација од четири цилиндри и електрични мотори во изданијата на модели со PHEV погонски единици.
Mercedes веќе потврди дека овој систем ќе го користи следниот AMG C63, односно перформанс предводник во класата C.
Според официјалните податоци, целиот систем во тој автомобил ќе испорачува неверојатни 670 КС и 750 Nm максимален вртежен момент.
Германскиот бренд ветува извонредни перформанси, се во согласност со традицијата на AMG.
Марката од Штутгарт ќе ја одржи целосната премиера на C63 во наредните месеци, но веќе некое време е јасно дека Mercedes, а со тоа и AMG, наскоро целосно ќе се откажат од термомоторите.
За поклониците на класиката на четири тркала тажна реалност, но за тие што се за модерна ера и за зелено орјентираните возачи тоа е неминовната иднина и реалност…