„Анонимец“ во Шпанија ги надмина Alfa Romeо, Hondа и Suzik…

Младиот (и непознат) италијански автомобилски бренд DR Automobiles премина од симболична улога во Шпанија до доминација во реномирани фирми како Alfa Romeo, Honda, Suzuki и Mitsubishi….

Сето ова се одвиваше за краток временски период и со понуда на производи базирани главно на теренци со технологија за бигорива за да може да се користи ТНГ (течен нафтен гас) како гориво.

Во последните месеци на релевантен начин се истакна модел од широкиот асортиман на овој бренд. DR 4.0 концентрираше најголем дел од продажбата на компанијата на шпанскиот пазар. Покрај тоа, неговите продажни бројки ги надминаа оние на Opel Grandland и Mazda CX-30, меѓу другите. Сега, на крајот на првиот квартал од 2023 година, италијанскиот бренд „додаде гас“.

Во текот на март 2023 година, продажбата на брендот DR Automobiles достигна 785 единици. Практично сите регистрирани примероци на марката беа всушност споменатиот компактен SUV. DR 4.0 продаде 784 единици додека DR 6.0 продаде само една единица.

Сето ова му овозможи на DR Automobiles да влезе во Топ 25-те најпродавани автомобилски марки во Шпанија. Покрај споменатите компании ги претекна и Land Rover, Lynk & Co, Ssang Yong и Subaru. Италијанската компанија ги поставува темелите за иднината на шпанскиот пазар.

Кога станува збор за кумулативните бројки од продажбата, DR Automobiles го заврши првиот квартал од 2023 година со вкупно 1.407 единици. Овој обем на регистрации на нови автомобили ја става италијанската фирма на 26-то место во рангирањето на најпопуларните автомобилски марки и повторно пред Lexus, Mitsubishi и Alfa Romeo, меѓу другите.

Плановите за проширување на DR Automobiles вклучуваат целосно обновување на палетата на производи на нејзиниот евтин бренд EVO, кој веќе работи на шпанскиот пазар. Дополнително, и ако се оди според планот, порано отколку подоцна, DR Automobiles ќе донесе други неодамна создадени брендови во Шпанија – ICKX и Sportecquipe. Првиот е специјализиран за возила со 4×4 погон, додека вториот продава (моментално само во Италија) возила со спортски дизајн со поволни цени.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истражувањето на Alfa Romeo покажа дека нивните клиенти не сакаат огромни екрани

Знаете ли колку чини просечната Dacia, продадена во Европа?!

General Motors не може да ја задоволи големата побарувачка

Lexus најавува нов електричен концепт

Volkswagen ќе увезува и продава возила Bugatti и Rimac во Америка

Британците решија да изградат тунел вреден 2,2 милијарди евра во близина на Стоунхенџ

Impul Nissan Z

Обновен MG5

Драматичен пад на цените на половните електрични автомобили