Апарат за еспресо на Porsche за 11.000 долари

Внимание- сите фанови на Porsche 911! Сега можете да добиете врвна машина за кафе за вашата кујна која изгледа како мотор V6, сместен во генерацијата 993 Porsche 911, навистина за солена цена…

Оваа еспресо машина е дело на јужноафриканската компанија Super Veloce, која претходно направи слични машини за кафе дизајнирани според ликот моторите на егзотични автомобили.

Espresso Veloce RS Black Edition чини 11.000 долари, а ќе бидат направени само 993 примероци на машини за кафе. Јасно Ви е зошто е избрана токму оваа конкретна бројка.

Уредот е изработен од аеро-вселенска легура на алуминиум 6082 T6 и 7075, не’рѓосувачки челик и титаниум, што го прави многу издржлив и буквално неуништлив.

Наменета да изгледа како класичен 3,6-литарски воздушно ладен мотор, кафе машината го привлекува вниманието на сите тие кои ја гледаат, а има и делови како што е хауба со карбонски влакна.

Блокот на моторот доаѓа со анодизиран сатенски црн слој, додека главите на цилиндрите се во силно црна боја.

Во случај да сакате еден апарат за себе, кафе машината ќе се испорачува низ целиот свет, а можете да ја нарачате преку веб-страницата на компанијата Super Veloce.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

DMC Ferrari 812 Superfast Spia

Hennessey Performance Jeep Grand Cherokee Trackhawk со1012 KС

Mazda RX-Vision GT3 (2020): Со „огнено крштевање“ на PlayStation повикува на враќање на Wankel мотор

Ќе ја биде – нема да ја биде – Alpine ќе опстане како производител на електрични возила

Spiderman ќе вози Hyundai Sonata

Најпознатиот автомобил на Џeмс Бонд повторно во производство- Цена „боли глава”

Екстремна заштита: Блиндирана G Class што ниту 13 кг. TNT не и можат ништо

Одложено пристигнувањето на Ford Mustang Mach-E во Европа

Новата Mokka: Opel се фокусира на плочките со имињата на моделите