Apollo Intensa Emozione подготвена за производство

Компанијата Apollo, startup за супер автомобили е родена, како феникс, од пепелот нa Gumpert и конечно е подготвена да тргне со производството на моделот Intensa Emozione

Оваа компанија најави соработка со компанијата HWA, што ќе го произведува, супер автомобилот, но воедно најави и некои значајни измени во однос на овој супер спортист што беше претставен во  2017 година.

Пред повеќе од една година навестивме дека Apollo планира производство од само 10 единици од моделот IE, a според последните соопштенија, се чини, дека предвидуваната цифра не е променета.

Автомобилот, во голема мерка, е развиен со помош на HWA и на Capricorn Grupu.

Имено, HWA учествувал во развојот на легендарниот Mercedes-Benza CLK GTR, додека Capicorn ја произведува  monocoque структурата за автомобилите, како што се на пример Porsche 919 Hybrid.

Во Apollo се многу горди на својата единствена структура направена од јаглеродни влакна, што, во основа, е целосно изменета, во смисла на дизајнот , кога ќе се направи компарација со оригиналниот прототип.

Инаку, спомнатата структура ги исполнува, па дури и ги надминува, безбедносните регулативи за FIA LMP2 класата.

Тоа преведено на „народен јазик“ значи дека нема потреба од заштитен кафез. Покрај тоа дополнително унапредени се и воздушниот и системот за ладење, a во Apollo исто така тврдат дека и системот за потпирање е целосно освежен.

Супер автомобилот Apollo IE има и против пожарен систем во кабината и во моторниот простор, што се активираат од страна на возачот.

Кога станува збор за погонскиот агрегат, Apollo се уште не ги потврдил конечните спецификации.

Очекувањата гласат дека би требало да има бензински агрегат со работен волумен од 6.3-литри, со 12 цилиндри, поставени во форма на латинската буква V, со моќ од околу 1.000 KS и степен на компресија од 16.5:1.

Секој  Apollo IE, наводно, чини по 2.7 милиони американски долари, a не треба ниту да да се каже, сите се веќе распродадени.

Повеќе фотографии и детали за овој супер спортски автомобил – Intensa Emozione може да се очекуваат на лето, кога треба да бидат испорачани првите примероци до нивните сопственици.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ford Ranger со сопствена икона за паметен телефон!

Германски, возбудлив, прифатлив: Видео серија 120 години на иконите на Opel

Полицијата во Лондон воведе дронови за лов на опасни возачи и улични тркачи

LEGO мотоцјкл Harley Davidson Fat Boy

Ferrari Purosangue ќе биде посилен од Lambroghini Urus

Пред 120 години основана Италијанската фабриката за автомобили Торино

Bentley прославува 100-ти роденден!

Среќен роденден Fiat 500!

BAC Mono R -Ултра лесен тркач лагализиран за јавни патишта!