Аpple го претставува првиот автономен автомобил во 2025

Компанијата, наводно, се повеќе го префрла својот фокус на производство на автономни возила…

Во Apple сакаат да се фокусираат на развојот на електричниот автомобил. Исто така, според Bloomberg, Apple сега го пренасочува својот фокус на развој на целосно само управувачки автомобил, а не само на по конвенционално возило со полу автономни карактеристики. Новиот водач на проектот Кевин Линч (Kevin Lynch)  сака првиот модел да биде автономно возило.

Компанијата, наводно, ги забрзува своите планови да усогласи сè. Apple наводно имал за цел да лансира автономно возило за пет до седум години, додека сега има за цел да биде во 2025 година, или само уште четири години.

Се верува дека планот е „течен“ и дека се се врти околу тоа Apple навреме да го комплетира својот целосен автономен систем. Apple наводно завршил голем дел од „основната работа“ во врска со процесорот на автомобилот.

Apple наводно имал идеи за „идеален“ ентериер со патнички седишта со информативно забавен систем, чувствителен на допир сместен во средината, не обезбедувал волан или педали. Се зборуваше и за итен режим на преземање од страна на возачот.

Од Apple засега одбиваат да ги коментираат наводите. Новиот приоритет може да помогне на проект кој доживеа неколку неуспеси, вклучително и извршни директори во заминување и нервозни партнери.

Apple би можел да се совпадне или да ги победи сегашните производители на автомобили кои планираат да понудат целосна или делумна автономија приближно во исто време, а една од нив е компанија како VW.

Сепак, целосното самостојно управување има многу предизвици, вклучувајќи тешко предвидливи сообраќајни и временски проблеми како снег. Не би било чудно што Apple ќе го помести сегашниот рок за воведување на автономен автомобил, или барем ќе воведе опција која ќе бара од возачот да ја преземе контролата под одредени услови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постојан развој: Зголемен опсег за Opel Corsa -e и Mokka-e

Доделени првите енергетски ознаки за електричните автомобили

DS3 Crossback E-Tense ја зголеми автономијата со едно полнење на батериите

Револуционерно автомобилско седиште за деца!

Стратегијата 2.0-IONITY го забрзува ширењето на мрежата брзи полначи за EV

Renault иTheArsenale го претставуваат AIR4 –Таму каде одиме не ни требаат патишта

Новиот Peugeot e-208 и Peugeot e-2008

Електричните автомобили зиме трошат 25% повеќе струја

Ford и GM здружуваат силите со производители на чипови