Apple го превзема од Tesla главниот инженер за електромотор!

Потпретседателот на Tesla, Мајкл Швекуч, одговорен за електромоторите во компанијата, премина во Apple, пишува electrek.co  што информацијата ја добил од сопствени извори…

Швекуч, се смета за врвен експерт во сферата на електромоторите, а до доаѓањето во Tesla, во 2015 година, работел во инженерските компании BorgWarner и GKN Driveline, каде создава и голем број електрифицирани енергетски агрегати.

Во Tesla тој бил одговорен за електричниот погон на новиот Roadster, на камионот Semi и на идниот pick – up на брендот, што би требало да се појави до крајот на тековната 2019 година.

Преминот на Швекуч во Apple, ги зголеми шпекулациите дека компанијата ќе развие сопствено електрично возило.

Идејата за тоа е на Стив Џобс, починатиот, визионер, креатор и основач на Apple, но како и повеќето идни проекти на компанијата со загризано јаболко во логото, така и овој, е тајна!.

Инаку, во последната година се појавија и информации дека компанијата се откажа од развојот на електрични автомобили и дека ќе се фокусира на технологии за автономно движење.

Целта е тие технологии да ги продава на автомобилските производители, но како работите тргнаа  во друга насока, односно самите производители развиваат сопствени автономни системи, така и Apple се врати кон планот за сопствен електромобил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan GT-R Nismo 2020 со деби на Њујорк 2019!

Apollo Intensa Emozione подготвена за производство

Светски автомобил на годината 2019 и hat trick за Jaguar I-Pace!

Наследникот на Lamborghini Aventador  со хибриден погон

Од производната лента се симна милионитиот VW Sharan

Поостарите возила од вчера за влез во центар на Лондон плаќаат 12,5 фунти

Новиот Mini со 300 КС во лимитирана серија

Кристoф Гујон голем мајстор за изведби на автомобили во сооднос од 1/4

Во игра е и Bigatti SUV и лимузина!