Технолошкиот глобален гигант Apple веќе долго и напорно работи на развој на сопствен модел на електричен автомобил, со автономно возење и околу него се плетат бројни шпекулации и претпоставки…
За ова се зборува сигурно веќе седум години, но се уште не се знае кога точно ќе биде претставен овој модел.
Технолошката компанија поднела барање за одобрување на систем за виртуелна реалност во внатрешноста на својот автомобил, кој, очигледно, нема да има прозорци, пишуваат специјализираните портали.
Наместо тоа, возачите ќе бидат опкружени со виртуелни пејзажи по нивен избор.
Причината за отсуството на прозорци е идејата целосно да се намали можноста патниците да имаат мачнина додека возат, а доколку сакале да уживаат во сликите од надворешниот свет, тоа би можеле да го направат со VR очила поврзани со камери кои исто така се вградени во електричниот автомобил.
Од тоа што до сега се знае за автомобилот на струја што за амблем има каснато јаболко, моментално се издвојува дека ова електрично возило би можело да има целосно автономна контрола.
Исто така, дополнително, се очекува и интеграција на виртуелниот асистент Siri, кој вклучува и гласовни команди за паркирање на одредено паркинг простор.
Дополнително, според некои од достапните патенти на Apple, воланот би можел да биде скриен во внатрешноста на таблата со инструменти, а возачите да го користат само во итни случаи.
Според неофицијални информации на порталот dailyO, овој автомобил на јавноста би можел да биде претставен во 2025 година, но и оваа информација треба да се земе со голема резерва, бидејќи многу пати се пробиени роковите со кои во Apple шпекулираа.