Apple презема важен инженер од Lamborghini

Иако заглави и направи неколку големи чекори наназад, проектот Apple автомобил сè уште не е мртов…

Технолошкиот гигант ја ангажираше „големата ѕверка“,во оваа област, Луиџи Тараборели (Luigi Taraborrelli), кој работеше во Lamborghini полни 20 години. Потсетуваме, од 2008 година, тој е шеф на развој на суспензија и управување во италијанскиот производител на суперавтомобили. Неговата работа вклучуваше развој на системи за суспензија, управување, сопирање и помош на возачот на Urus, Huracan и Aventador и на ексклузивните Centenario и Veneno.

Изгледа дека Apple го „улови“ вистинскиот човек кој ќе се погрижи нивниот автомобил да биде забавен за возење, пишуваат информативните агенции. Досега Apple се мачеше да најде партнер за проектот и наиде на многу затворени врати. Пред една година тие преговараа со Hyundai, но планот пропадна бидејќи корејскиот производител не сакаше да го произведува автомобилот на Apple во своите фабрики.

После тоа, Apple се сврте кон Nissan, но тие преговори пропаднаа од истите причини како оние со Hyundai. Малку подоцна се појавија гласини дека преговараат и со Тоyotа, но и таа комбинација не успеа. На крајот на краиштата, Apple ја смени тактиката и одлучи да го развие возилото целосно независно, без партнерство со кој било производител на автомобили.

Очигледно сакаат да започнат со производство веќе во 2024 година, но тоа звучи малку преоптимистички, ако се земе предвид дека развојот на автомобил обично трае околу пет, шест години. Исто така, тешко е да се поверуваат гласините дека автомобилот ќе биде целосно автономен без никакви контроли за управување од страна на возач, како волан и педали. Многу поверојатно звучи тврдењето дека компанијата развива напредна батерија за автомобил.

Apple започна да работи на развојот на нивниот автомобил во 2015 година, но една година подоцна се откажаа и се префрлија на развој на технологии за автономно возење. Пред две години, поточно во 2020 година повторно се предомислија и решија да направат автомобил. Последните инсајдерски информации велат дека тие, наводно, веќе вработиле 200 луѓе кои работат на неговиот развој.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Formula1 објавен календарот за наредната сезона со рекордни 24 трки!

Porsche и Red Bull партнерство што нема да се случи

Испораките на електричниот камион Tesla Semi започнуваат кон крајот на годинава

Audi го потврди влегувањето во Formula 1

Nio отвора прва фабрика за електрични автомобили во Европа

Formula 1 од 2025 година со потполно одржливи горива

BYD станува „кошмар“ за Tesla и VW

Chevrolet Seeker Официјално

Победничкиот болид на Шумахер Ferrari F300 на аукција