Apple вработи екс водечки менаџер на BMW

Улрих Кранц, кој го надгледуваше лансирањето ЕV дивизијата на BMW и го основаше Canoo , сега се упатува на пат кон Калифорнија….

Apple го ангажираше Улрих Кранц (Ulrich Kranz), поранешен потпретседател на BMW и коосновач на „ЕV“ стартната компанија Canoo, да работи на неговиот заживеан проект за развој на електрични автомобили.

Веста прво ја објави Bloomberg, а назначувањето на Кранц следи по заживувањето на активностите од неодамна обновената програма на компанијата Project Titan.

Неодамна беше објавено дека Apple е близу до потпишување договор за заедничко вложување што би резултирало LG Electronics  да ги произведе првите примероци од автомобилот Apple пилот проект за проценка на интересот на потрошувачите.

Не e јасно каква точно улога ќе има Кранц за време на изработката на програмата, но тој ќе го извести Даг Филд (Doug Field) шефот на проектот Titan, кој претходно го надгледуваше развојот и производството на електричниот седан Tesla Model 3.

Пред да го основа Canoo, Кранц помина 30 години во BMW, каде што го водеше развојот на клучните модели i3 и i8.

Тој помина и краток период како Главен директор за технологија во Faraday Future.

Според Bloomberg, повикувајќи се на внатрешни извори во Apple Кранц го напушти Canoo во април и ја презеде новата улога во Калифорнија „последните недели“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На еден пат во Холандија властите ги потикнуваат возачите да возат побрзо

Hyundai Casper во производство од 15 септември

Полициски дронови ловат сообраќајни прекршители во Полска

Land Rover работи на перформанс Defender

Три верзии на електричниот ID. Buzz „иконата се враќа на голема врата“

Tesla Систем на автономно возење месечината ја препознава како жолто светло на семафор

Pininfarina Batista во 128 милиони комбинации!

Обновена Lada Niva Bronto

Volkswagen Atlas Cross Sport GT Concept