Aprilia подготвува новTerra 250

Новиот „ofroud“ модел на познатиот производител на мотоцикли од Италија, Aprilia, e ѕвезда на фотографијата, што наводно е снимена во една фабрика во Кина …

Имено, новата машина е резултат на заедничката работа на производителот на мотоцикли од Апенинскиот полуостров и на компанијата Жонгшен од Кина.

Погонот на новиот мотоцикл ќе биде истиот агрегат што се поставува и во CF Moto 250NK.

Oваа креација на  две тркала со себе донесува и потпирање со долг од`, потоа со  „ofroud“ рамка и со 18 -инча големо предно тркало.

Во согласност со агрегатот, мотоциклот Terra 250 би требало да има моќност од  27 KS и 22 Nm максимален вртежен момент.

Ако се имаат во предвид амбициите што Apriliа ги има во сегментот, сосема е разумно да се очекуваатs одредени „дотерувања“ на самиот агрегат за добивање на повисок максимален момент на вртење на понизок број на вртежи на моторот.

Инаку, во однос на самата шасија, како и во однос на задната вилушка – тие се стандардни за таков „ofroud“ модел.

Со информацијата е проследен и податокот дека мотоциклот што е покажан на фотографијата, наводно, претставува стандардна верзија, a се спомнува дека ќе има и по „жешка” верзија за тие што се со повеќе авантуристички дух.

Во однос на името – Terra треба да се посочи дека истото веќе постои во номенклатурата на Apriliа, во име на вистината во форма на моделот Terra 150 за пазарите во Азија, што, патем речено не може да се пофали со некои баш значајни резултати во продажбата , бидејќи е прескап во споредба со конкурентните модели на две тркала што во Азија ги има навистина многу.

Тоа што на Apriliа секако и оди на рака, барем кога станува збор за верзијата од 250 кубни сантиметри, е се поголемата популарност на малите и на средните мотоцикли за авантури на две тркала, што самиот сегмент го направија навистина интересен.

Доколку компанијата ја одработи целата работа како што треба и на вистински начин ги позиционира својот примерок на две тркала – особено во споредба со Suzuki V-Strom 250 и со Kawasaki Versys 250 моделите –можеби новата Terra 250 ќе биде комбинацијата што добива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Harley-Davidson custom од Грција – половинаа мотоцикл, половина мит

Piaggio MP3 скутерот добива активен аеродинамичен систем?

Akira concept на мотоцкил што просто ве остава без здив!

Honda ADV 150 пристига во Европа

Нови рендери на Bimota КВ4

Протекоа фотографии на новиот Benelli BN600i

Kawasaki EV Endeavor – електричен мотоцикл со мануелен пренос

Прв custom BMW R nineT со „Руска душа“

Освежување и неколку новини за Lexus LC 500