Arc Vector електричен мотоцикл со Human Machine Interface за само 120.000 долари!

Јaguar Land Rover инвестира Vector, во целост електричен мотоцикл со Human Machine Interfaceom (HMI), што е претставен на саемот за мотоцикли во Милано и чини како што и доликува на марката стаусен симбол- вистинско богатство!

Фондот Inmotion Ventures, Jaguar Land Roverov инвестира во Vector, електрични мотоцикли што би требало да бидат нај напредни во светот.

Зад Vector стои старт –ап компанија Arc со производ кој донесува најсовремени технологии, најсовремена архитектура и сето тоа „завиткано“ во футуристичко куќиште.

Акцентот е ставен и на безбедноста во возењето како и на ефикасноста.

Имено, Vector ќе понуди искуство на виртуелна реалност (virtual reality) низ кацигата со head-up дисплеј и интелигентно хаптичко искуство на возењето.

Заштитната кацига на себе ќе има задна камера за возачот да може да види и ситуацијата зад себе без да се врти при возењето.

За производството на мотоциклот се користени егзотични материјали со што и се оправдува екстремно високата цена од 117.000 американски долари.

Максималната брзина што Arc Vector со електричен мотор со моќ од 95 kW ја постигнува изнесува дури 241 km/h.

Од место до 60 mp/h (96 km/h) забрзува за само 2,7 секунди.

Со едно полнење на батериите Vector на автопат може да помине до 193 km однодно до 274 km во градско возење.

Ќе бидат произведени само 355 примероци од овој навистина ексклузивен мотоцикл на струја.

Со погоре наведената цена Arc Vector не е секојдневен мотоцикл – туку мотоцикл наменет за милионери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ducati пред производство на електричен мотоцикл

Сензационално – Првиот 3D мотоцикл целосно e веќе отпечатен!

Полицијата во Дубаи со мотоцикли што летаат!

Нови BMW R 1250 R и RS претставени на EICMA 2018!

Ducati со нов Panigale V4 R

Електичен мотоцикл од Индија

Потпис на денот во Мото ГП – Крачлоу во главната улога