Arc Vector – најнапредниот електричен мотоцикл во светот

Мотоциклот на струја по предвидената програми би требало да влезе во производство веќе наредната 2020 година, а неговата цена би се движела од околу 114.000 долари, многу, но се што со себе носи современа технологија и иновации, и згореа на се е тренд-чини!

Електричниот мотоцикл Arc Vector ќе го започне своето производство од наредената 2020-та година, во новиот објект што се лоцирани во Јужен Велс, а нарачките за истиот веќе почнале да се примаат, по цена од околу 114.000 американски долари.

Високата цена, освен со напредната технологија се оправдува и со фактот дека производството што ќе може да се нарача првите 18 месеци ќе биде лимитирано на само 399 единици .

Станува збор за „најнапредниот електричен мотоцикл во светот“  – агилен и моќен мотоцикл, подеднакво забавен за управување како низ градските улици, така и на отворен пат, креација на британската компанија ARC.

Така, Arc Vector се одликува со Human Interface технологијата, јаглероден монокок и тркачки инспирирани тркала, каде круциален елемент е hub-center steering системот (вид на управување преку централната главчина), за дополнителна контрола на мотоиклот.

„Системот што го развивме дава дополнителна контрола на мотоциклот. Има неколку производители кои во минатото го имплементираа овој систем на управување, но тоа го направија преку anti-dive системот”, рече основачот и извршен директор на Arc, Марк Труман.

Во однос на перформансите и досегот со едно полнење на батериите, Arc Vector е опремен со 399 волтен електричен мотор, кој произведува 133 КЅ и вртежен момент од 148 Nm.

Од 0 до 100 km/h забрзува за само три секунди, а максималната брзина на овој метален ат на две тркала изнесува 201 km/h.

Во урбани услови, електричниот досег на Vector изнесува 623 km, додека пак на отворен пат може да патува околу 370km.

Со вкупна тежина од 220 kg, електричниот мотоцикл е само малку потежок од повеќето конвенционални спортски мотоцикли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Harley-Davidson custom од Грција – половинаа мотоцикл, половина мит

Piaggio MP3 скутерот добива активен аеродинамичен систем?

Akira concept на мотоцкил што просто ве остава без здив!

Honda ADV 150 пристига во Европа

Нови рендери на Bimota КВ4

Aprilia подготвува новTerra 250

Протекоа фотографии на новиот Benelli BN600i

Kawasaki EV Endeavor – електричен мотоцикл со мануелен пренос

Прв custom BMW R nineT со „Руска душа“