Ares Design S Project- супер Corvette со рафиниран стил и супериорни перформанси

Ares Design S Project им дава на погонот и и подвозјето на Corvette целосно ново значење а истото би може да допре до клиентите…

Зад S Project Ares Design стои Дени Бар (Dany Bahar), поранешен извршен директор на Lotus, така што тој треба да знае што прави.

И, она што го гледаме изгледа доста сериозно.

Супер аеродинамичното двосед изгледа фантастично, кога станува збор за каросеријата. Очигледно, компанијата Ares сфати дека развојот на сопствен погон и пренос е преголема задача, па затоа користеше добро познат рецепт – преземање туѓ, се разбира, целосно легално и легитимно.

Проектот Ares Design S ја користи тековната Corvette C8 како извор на енергија. Практично, комплетната шасија е превземена од C8, што значи 6,2-литарски V8 со осум степен DCT менувач, иако со познатиот погон доаѓаат интересни бројки.

Компанијата наведува дека LT2 V8 испорачува дури 710 КС и 969 Nm максимален вртежен момент при 5.150 вртежи во минута и додава дека моторот е во состојба да се врти до цели 9000 вртежи во минута.

Со други зборови, моторот произведува 200 КС повеќе, и може да врти 2.500 вртежи во минута повеќе од моторот што е вграден во сегашната Corvette. При тоа е и атмосферски. Очигледно, V8 моторот не е ниту блиску на стандардниот.

Бар одбива да открие кои тајните ги крие погонот на неговиот супер спортист и вели дека зголемувањето на моќноста е постигнато со механички модификации и додава дека е невозможно да се издвјствува такво зголемување на моќноста по електронски пат.

Тој додава дека звукот произведен од Ares Design S Project е инспириран од звукот произведен од Formula 1 во ерата на моторот V10.

Ares Design најавува дека ќе произведе 24 парчиња S Poject во следните две години, и ќе им го понуди на клиентите по цена од 500.000 евра, а исто така најавува дека наскоро ќе понуди и дополнителни верзии на овој модел, без да навлегува во детали за тоа кои верзии би можеле да бидат .

Единственото нешто што ми паѓа на ум е кабриолет верзијата на оваа радикална модификација на Corvette.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ford ја претстави Puma ST- перформанс crossover „жешка ѕверка“

Подновениот Range Rover Velar и со plug-in hybrid верзија

Peugeot 508 PSE официјално претставен

И официјалнјо претставен електричниот VW ID. 4

Новиот Renault Megane Conquest – Хибриден SUV Coupe за Стариот континент

Нови камиони на сребрената ѕвезда  Actros F и Edition2

VW со големи планови за ID.4

Први официјални слики на новите BMW M3 и BMW M4

Touring Superleggera се пофали со Aero 3