Asprey Bugatti Egg Collection

Bugatti одлучи да им понуди нешто друго на своите (богати) фанови: во продажба е ограничена серија специјално украсени декорирани јајца…

На Bugatti не му е непознато ставањето на рачни часовници, маси за билијар, електрични скутери на пазарот под сопствен бренд, а отсега на листата се приклучуваат и уметнички дела.

Во соработка со британската компанија Asprey, специјализирана за накит, мебел, часовници и воопшто луксузни предмети, тие создадоа колекција од сопствена интерпретација на јајцата Фаберже (Fabergé egg).

Asprey Bugatti Egg Collection е линија на декоративни производи во совршена форма на јајце, изработена од метал, јаглеродни влакна и други материјали кои вообичаено се користат во производството на луксузни автомобили.

Сето ова е збогатено со додатоци од сребро, дијаманти и, се разбира, е рачно доработено до совршенство.

Дизајнерските детали се „позајмени“ од возилата на Bugatti, пишуваат специјализираните портали.

Јајцата ќе бидат изложени во новата галерија на Asprey во Лондон овој месец, а можете да ги нарачате онлајн сега.

Планираната луксузна серија ќе биде ограничена на само 111 примероци.

Што се однесува до цената, земете длабок здив…

Првите 100 јајца ќе се продаваат по цени меѓу 20 и 50 илјади евра, додека оние со сериски броеви поголеми од 100 ќе чинат над 200.000 евра.

Сепак далеку се по пристапни и одошто Фаберже јајцата што чинат повеќе десетици милион, се разбира изразени во конвертибилна валута, евра, долари…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

McLaren GT од MSO

Hennessey H850 Mustang

Ferrari Purosangue во размер 1:8 чини 15.000 евра

Уникатниот Koenigsegg CCGT GT1 Le Mans е продаден за 3,3 милиони фунти

Mercedes-AMG GLC 43 & Mercedes-AMG GLC 63 S E Performance

Czinger 21C V Max со 1.350 КС

Subaru го слави седумдесеттиот роденден

Fiat Ritmo: 45 години

Audi A4 Allroad Quattro Heritage Edition