Aston Martin DBS Superleggera Volante: кралска кочија под отворено небо!

Британците го претставуваат најбрзиот cabriolet  во историјата на нивната компанија што ќе се гордее со постигнување на максимална брзина од повеќе од 330 km/h

Од Aston Martin го oтвoраат покривот на нивната прекрасна машина на четири тркала во најдоброто можно време за тоа- пролетва.

Можеби само летото би било посоодветно но ние немаме забелешки на терминот, а ниту пак на изгледот.

Станува збор за новиот DBS Superleggera Volante што ја покажува својата бруталност веќе преку самите линии препознатливи за оваа спортска благородна британска марка.

Погонски агрегат е бензински мотор со работен волумен од 5.2-литри, традиционално со 12 цилиндри поставени во форма на латинската буква V, што испорачува моќност од 715 KS при 6,500 в/мин.

Максималниот момент на вртење ќе изнесува 900 Nm и ќе се испорачува во опсег од 1 800, до 5 000 в/мин.

Книгата за нарачки е отворена, а првите испораки до купувачите се предвидени дури наесен, штета за едно цело изгубено лето, барем на нашата северна хемисфера …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alfa Romeo Giulia QV – посебна изведба во егзотични бои!

Претставено мало електрично возило наречено по Хусеин Болт!

KIA најави уште еден мал SUV

Вака изгледа внатрешноста на новата BMW Series1

Новиот Aston Martin на Бонд преполн гаџети за тајниот агент 007!

Во Барселона Lexus со автомобил од вселената во портокалов аранжман!

Новиот Range Rover пристигнува 2021

McLaren го произведен 20.000-от автомобил во Вокинг

Три децении на култната Mazda MX-5 (Miata)