Aston Martin официјално започна со масовно производство на својот спортски SUV модел DBX707 во својата фабрика во Велс.
DBX 707 е опишан како „најмоќниот луксузен SUV во светот“, со 4,0-литарски twin-турбо V8 мотор со 707 КС и 900 Nm вртежен момент (спарен со 9-степен автоматски менувач) под хаубата.
Фабричките податоци велат дека DBX 707 од 0 до 100 km/h пристигнува за 3,3 секунди и дека максималната брзина е 310 km/h.
Дополнително, DBX 707 добива карбонски керамички сопирачки (420 mm напред и 390 mm назад), 22-инчни тркала во Sport и Ribbon изданија (опционално и 23 инчи), нова верзија на електронскиот LSD заден диференцијал (e-diff) , поголема предна решетка (во завршна обработка на Sarin Chrome), модифициран преден браник со спојлер, рамки од темно сатен хром за стакла, впечатлив заден спојлер на покривот, заден дифузор во сјајна црна боја, спортско подесена суспензија, спортски издувен систем со сатенски црни издувни цевки, спорт седишта со електронско прилагодување и загревање, елементи од карбонски влакна и детали во пиано црно издание.
DBX707 ќе се продава во повеќе од 50 земји, а првите испораки до клиентите се најавени за крајот на јуни.