Aston Martin ќе соработува со  Airbus

Производителот не луксузни спортски автомобили од Велика Британија Aston Martin е познат по благородничката нота и ексклузивноста на своите модели, но отсега, заедно со Airbus, ќе се стреми и во освојување на небеското синило …

Aston Martin и Airbus Corporate Helicopters официјално стапија во соработка здружувајќи ги автомобилските и аеронаутичките дизајнерски тимови, а двата бренда соработуваа во изминатите 12 месеци на првиот производ од оваа соработка, најавен за средината на 2020. година.

Интересно во приказнава е тоа  што голем број извори тврдат дека тука нема да станува збор за автомобил, туку за летало, но , за такво нешто се уште нема официјална потврда ниту од Aston Martin, ниту од Airbus.

Внатрешните информации велет дека ќе стане збор за хеликоптер кој ќе биде мултифункционален и кој нема да биде користен во воени цели, туку ќе биде за луксузен транспорт и преоѓање на кратки дестинации преку воздушен пат.

Голем број селибрити и милијардери сакаат да се возат со хеликоптери, но летот во нив обично е бучен и малку неудобен и затоа целта на Aston Martin и Airbus е да се елиминираат овие недостатоци и да се обезбеди луксузно патување, но  ништо од ова се уште не е потврдено.

Се претпоставува дека Airbus ќе ја примени својата аеро технологија и ќе ја вклопи со луксузот, естетиката и дизајнот на британскиот производител, со што ќе ги добиеме првите луксузни хеликоптери кои ќе бидат дизајнирани за транспорт на ВИП лица.

Aston Martin во нова авантура со нова соработк

Инаку, за Aston Martin тоа нема да биде прва високо луксузна соработка бидејќи лани компанијата лансираше сличен проект со Triton Submarines за да го произведат Project Neptune,  подморница која може да се нурне на повеќе од 1.500 стапки и да патува под вода со брзина од пет јазли.

Автомобилскиот производител исто така има и луксузен облакодер во Мајами со ексклузивни резиденции на 66 ката.

Сега, Aston Martin во соработка со Airbus се насочува кон воздушниот простор, а двете компании ќе го најават својот производ на 3 јануари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volkswagen ID.4 дебитира во април на салонот за автомобили во Њујорк

Лажен Ferrari поскаш од оригинлен, нов!

Годинава се очекува промоциј на нови BMW M3 и BMW М4

Renault на годинешниот Rally Dakar настапи и со хибриден камион!

И возилата може да се одбранат од хулигани докажа Тesla Model 3„

Jaguar Land Rover со седишта што симулираат „џогирање“

Најпродавани автомобилски брендови во 2019 според focus2move!

По рекордната 2019 Lamborghini со големи планови за 2020 година

Познатото лондонско такси и во Токио!