Aston Martin со ново лого

Aston Martin денеска официјално го претстави новото лого на брендот.

Откривањето на новото лого доаѓа во време на инвестиција од Саудиска Арабија која извршниот директор на компанијата Лоренс Строл (Lawrence Stroll) ја опиша како „настан што ја менува играта“ за Aston Martin. Заедно со новото лого дојде и новиот слоган „ Intensity. Driven  “.

Тоа е само осмото лого во 109-годишната историја на компанијата. Во физичка форма, новиот дизајн е рачно изработен од занаетчии во квартот за накит во Бирмингем.

Новото лого ќе ја означи следната генерација на спортски автомобили од Aston Martin, но пред тоа, новиот дизајн на крилата ќе ги краси болидите на тимот на Aston Martin Cognizant F1 на патеката Пол Рикар (Paul Ricard), каде што се одржува Гран При на Франција на недела.

Сепак, носот на автомобилот ќе го има оригиналното лого што ја одбележува 100-годишнината од трките на марката

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

GМ се враќа во Европа со понуда на електрични возила

Ferrari ќе произведува возбудливи EV

Подновен Chery Tiggo 5x

Ferruccio Lamborghini стана член на Автомобилската куќа на славни

Тesla со сопствена лента на граничен премин

Се подготвува наследник на Bugatti Chiron

Полицијата на Франција го обожава иноцскиот радар

Маск сака брзи сервиси за моделите на Tesla како тие во pit-stop на F1

Toyota ја разви новата Tundra анализирајќи ја таа што поминала милион милји