Aston Martin подготви ограничена едиција заводливиот и возбудлив Vantage Roadster што за погонска единица има моќен и „оркестарски акордичен“ V12 мотор…
Атрактивниот Aston Martin V12 Vantage Roadster, моделот 2023 година, со маса од 1855 килограми е придвижуван од бензински мотор со работен волумен од 5,2-литри со 12 цилиндри поставени во форма на латинската буква V , што испорачува моќност од 700 КС и 753 Nm максимален вртежен момент.
Оваа експлозивна погонска единица е поврзана со ZF осум (8) -брзински автоматски менувач, за пренос на силата, како и со механички LSD диференцијал.
Од фабриката тврдат дека забрзувањето од 0 до 96 м/ч е 3,5 секунди, а овој ексклузивен Roadster достигнува максимална брзина од 322 км/ч.
Меѓу другото, стандардната опрема вклучува адаптивни амортизери, елементи од јаглеродни влакна (преден спојлер, прагови, заден дифузер…), карбон-керамички сопирачки, тркала од 21 инчи, гуми Michelin Pilot Sport 4S (275/35 R21 напред и 315 /30 R21 позади), двобојни кожни седишта, спортски волан со сплескан долен дел…
„Работевме исклучително напорно за да се осигураме дека V12 Vantage Roadster ја поседува истата моќ и динамика што го карактеризираат V12 Vantage Coupe, додека го надминува во однос на суровата сензорна возбуда што ја добивате само кога возите со спуштен покрив“, рекол главниот технички директор на Aston Martin, Орберто Федели (Orberto Fedeli).
„Со повеќе моќ и вртежен момент од кој било Vantage Roadster пред него, со прецизно наместена калибрација на суспензијата, поширока трага на тркалата и поголема надолна (потисна) сила, ова е машина што просто ви го одзема здивот“.
Aston Martin ќе направи само 249 примероци од овој Roadster, но секој еден е веќе сега продаден.
Производството започне во третиот квартал на тековната 2022 година, а испораките ќе започнат до крајот на годината.