Aston Martin Vantage Roadster –седум секунди до небото!

Потсетуваме Aston Martin нвиот Vantage Coupe го претстави уште во ноември 2017година а од мај 2018-та се произведува во Гајдон, Велика Британија, а неговата Roadster верзија на купувачите ќе им биде понудена веќе од летото тековната 2020…

Како потврда на наведеното во поднасловот, Aston Martin деновиве објави сет на официјални фотографии на дефинитивниот сериски модел, за разлика од фотографиите на пред продукцискиот модел што ги гледавме во изминатите неколку месеци.

Тука треба да се потенцира дека за кревање и за спуштање на покривот се потребни помалку од седум секунди и тоа можете да го направите и во возење со брзини до 50 km/h.

Исто како и  V8 Vantage Coupe, таа и  Roadster ќе биде задвижуван од агрегат на  Mercedes, односно неговата перформанс филијала AMG,а станува збор за бензинец, twin-turbo, со осум цилиндри оставени во форма на латинската буква  V, со работен волумен од 4,0-литри и со моќност од 510KS и 685 Nm максимален момент на вртење.

Агрегатот доаѓа во комбинација со осум степен автоматски систем на пренос на силата.

Бидејќи е потежок за 60 kg верзијата со покрив што се преклопува располага и со за нијанса послаби перформанси од Coupe варијантата :

Забрзува од 0 до 100 km/h за помалку од четири секунди и постигнува максимална брзина од 306 km/h.

Во однос на цената од Aston Martin објавија дека Vantage Roadster чини малку повеќе од 150.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ferrari Portofino M -„Пропнатото коњче“ блеска и во време на криза!

BMW 128ti новиот жежок хечбек на Баварците

DS претстави луксузен DS 7 Crossback Louvre Edition

Mitsubishi со тизер го најави Eclipse Cross

Dacia најави SUV со 7 седишта за 2021

Nissan го претстави новиот Z Proto

Новиот Hyundai Tucson се разоткри пред јавноста

Jaguar F-Pace доби свое освежување

Новата Mercedes C Class може да и зададе многу грижи на баварската Series 3