Aston Martin Vantage V12 Zagato Heritage Twins by R-Reforged- нова приказна!

По повод 50 годишнината од моделот DB4 GT Zagato, од Aston Martin и од производителот и дизајнерот на каросерии од Италија Zagato во 2011 година го претставија спортскиот автомобил Aston Martin Vantage V12 Zagato, што на пазарот се наоѓа од средината на 2012 година…

.Цената за примерок, тогаш, изнесувала околу 400.000 евра, при што беше најавено дека автомобилот ќе се произведува во ограничена серија од само 150 примероци.

Седум години подоцна, Aston Martin Vantage V12 Zagato се враќа на сцена и тоа за да ја одбележи  100- годишнината на Zagatо.

Овој пат пред нас е Aston Martin Vantage V12 Zagato Heritage Twins by R-Reforged, достапен во уште поограничена серија од само 38 примероци (19 во Coupe и 19 во Speedster изведба).

Овој проект Zagato го реализира со швајцарскиот  AF Racing, кој е традиционален мото- спорт партнер за Aston Martin, при што во Швајцарија оваа пригода ја искористиле и за лансирање на својот бренд R-Reforged.

Инаку за погон на овој јубилеен примерок е задолжен бензински мотор со работен волумен од 6,0 –литри, со 12 цилиндри поставени во форма на латинската буква V, што развива моќност од  517KS и 570 Nm момент на вртење.

За кротење на оваа голема моќ се задолжени карбон – керамичките сопирачки.

Габаритите на автомобилот се: должина од 4385 mm, широчина од 1865 mm и растојание помеѓу оските од 2600 mm.

Цената на овие 38 ексклузивни примероци во оваа куса вест не е наведена, додека пак, првите испораки до купувачите би требало да стартуваат во четвртиот квартал тековната 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руси и се е можно – Од Bentley направил тенк!?

Обновен Citroën Scarabee d’Or првото возило што ја минало Сахара!

BMW i3 -хит за полицајци пожарникари и итна служба…

Баварците ја одбележуваат 35 годишнината на Series 5 со лимитирано издание

Renault Zoe такси што самостојно вози!

Книгата за брендот Bentley поскапа од автомобил на оваа марка!

Посебна серија Smart ForTwo FCE #21- за збогување со бензинците

Porsche Driving Expеrience-нова авантура и промоција на новиот 911 во Македонија

Новиот Alfa Romeo 8 C – Hybrid co 800 KS