Audi A1 останува без наследник

Бидејќи клиентите продолжуваат да ги фаворизираат crossover  и SUV возила во однос на sedan и hatchback, поради тоа природно е да се очекува дека некои традиционални автомобилски сегменти ќе исчезнат во блиска иднина.

Малиот автомобилски сегмент (А и B) каков што го знаеме – со мали мотори со внатрешно согорување со три и четири цилиндри – веројатно живее на „кредит“, бидејќи има индикации од различни производители на автомобили дека нивното време истекло и дека тие ќе се пензионираат во следната деценија. Audi е последниот производител кој потврди дека неговиот првичен модел ќе биде укинат.

Во долгото и многу интересно интервју за Automotive News, извршниот директор на Audi, Маркус Дусман, потврди дека А1 ќе замине во пензија откако ќе „истече“животниот век на актуелната генерација.

Тоа не мора да значи дека нема да има мал модел со ознака на Audi, но нема да има мотор со внатрешно согорување.

На прашањето дали претстојните европски стандарди Еу 7 ќе означат крај за А1 и А3, Дусман рече: -„Многу ќе зависи од крајната цел на Еуро 7. Знаеме дека во иднина ќе биде доста тешко да се понудат мотори со внатрешно согорување во помали сегменти., бидејќи трошоците ќе растат. Затоа нема да имаме наследник А1. Доколку новите правила на Еу 7 не бидат премногу строги, тие ќе ни овозможат да инвестираме повеќе во е-мобилност “.

Уште во февруари, Audi навести можнo укинување на А1 кога објасни дека електрифицирање на мали автомобили е скапо и економски неисплатливо. Кога А1 ќе престане со производство, Q2 најверојатно ќе стане стартна понуда на Audi, бидејќи производителот на автомобили „можеби нема да направи ништо помалo“

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Норвешка EV се конвенционални, а алтернативни се возила со мотори со внатрешно согорување

Германија: Предлог поголеми и потешки автомобили да плаќаат повеќе за паркирање

Најпопуларни автомобили август во Германија

Renault Kadjar ќе добие електричен наследник

Луксембург со најмногу автомобили на жител во Европа

Русија повеќе не казнува „преголема просечна брзина“ на патиштата

Новиот Citroen C4 и e-C4 100% electric-Успешен почеток на продажбата во Европа

Во област крај Москва ќе се гради прва фабрика на Tesla во Русија

Познати полуфиналистите на изборот Северноамерикански автомобил на годината 2022