Audi претстави специјален A4 Allroad Quattro Heritage Edition, но тој е наменет исклучиво за шпанскиот пазар, каде што ќе се нуди во ограничена серија од само 55 примероци.
Меѓу другото, Audi за овој A4 Allroad Quattro го обезбеди пакетот Black Style Plus, кој вклучува црни елементи на предната решетка, како и ретровизори во сјајна црна боја. Покрај тоа, црни елементи се среќаваат на предниот и задниот браник, а има и црна графика која се протега по страните на автомобилот.
Автомобилот е опремен и со црни тркала од 19 инчи, а има и продолжетоци на лакот на тркалата во сјајно црна боја. Заедно со оваа Glacier White боја, автомобилот се нуди и во бои наречени Mito Black, Manhattan Grey и Flower Silver.
Audi A4 Allroad Quattro Heritage Edition е придвижуван од благ хибриден 2.0-литарски турбо-дизел мотор со 204 КС и 400 Nm вртежен момент, кој е поврзан со седум степен S-Tronic автоматски менувач со двојна спојка. Забрзувањето о 0 до 100 km/h трае 7,3 секунди. Внатрешноста е опремена со Nappa кожа од гамата на Audi Exclusive и потпирачи за глава со логото Heritage Edition.
Стандардна опрема помеѓу другото вклучува амбиентално осветлување, аудио систем со 10 звучници, помош за стартување на нагорнина, предупредување за напуштање лента…
Цените во Шпанија започнуваат од 69.980 евра, а испораката е планирана да започне во октомври.