Audi A8 уште по напреден со нова иновација- паметно потпирање!

Луксузниот модел од Инглоштад со таа иновација низ острите свиоци сега ќе поминува со уште поголема динамика…

Од Audi деновиве ни понудија уште една исклучително напредна технологија за најголемата и најлуксузната нивна лимузина, адмиралскиот брод во флотата премиерскиот автомобил – A8 –Станува збор за активната суспензија што предвидува!.

Во зависност од избраните поставки тоа на крстосувачот на флотата на Audi му дава врвна удобност во возењето, или, цврсто ракување како кај спортски автомобил.

Во Германија и во другите пазари ширум Стариот континент, новиот вид на активното потпирање може, на почетокот, да се нарача само со TFSI верзиите на Audi A8.

Активна суспензија што предвидува, во Audi A8 e потполно активен систем на потпирање, а неговиот електро – механички погон го регулира потпирањето.

Тој би можел поединечно да го крене, или со сила да го заврти секое од тркалата на луксузната лимузина, за активно да управува во секоја ситуација. Активно потпирањето може да ја крене или да ја спушти каросеријата до 85 mm од средишната положба на сите четири агли во временски рамки од пет секунди.

Тука се компактните електрични мотори сместени во близина на секое тркало на Audi A8, што работат на  48-волтен (V) примарен електричен систем. Запчестиот ремен и компактниот хармонсикси погон го зголемуваат вртежниот момент на електромоторот  речиси 200 пати на 1,100 Nm и го применуваат на челичната цевка што ротира.

Истата е трајно прицврстена на претходно зацврстена шипка од титаниум сместена во неа, a која може да се врти за повеќе од  20 степени.

Од кракот на цевката што ротира силата се пренесува на потпирањето преку лостот и споената шипка – на предното потпирање делува на пружината и на задното потпирање врз попречната врска.

Кога и да се почувствува влијание на некој надворешен фактор при возењето за каросеријата да ја принуди да се спушти на тркалото, активната суспензија што предвидува се подесува така што влијае наспроти тој фактор.

Технологија што нависина фасцинира и за која уште долго време ќе се пишува и што сигурно ќе се унапредува…

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Daimler и со рендгенски зраци ќе ги контролира автомобилите

Mazda RX9 со електрифициран погон

Потенки но не и помалку безбедни ѕидови за компактните модели!

Новиот дигитален кокпит на VW Golf 8

Доаѓа ера на се попаметни дигитални клучеви!

Mahle со прототип на 48 V батериски систем

Новите автомобил на Ford може да гледаат и зад аголот!

Hyundai Motor Group TECH иновации на дланка и увид на клиентите!

V2V: иднината е во синергија помеѓу возилата