Audi e-tron GT прогласен за најубав автомобил на годината

На доделувањето на германските награди Goldenes Lenkrad (Златен волан) во 2021 година, Audi e-tron GT ја освои категоријата „Најдобар автомобил на годината“.

Победникот во оваа категорија беше подобар од 69 други модели. За овој престижен натпревар во текот на летото гласаа читателите на највлијателниот автомобилски магазин Auto Bild, како и колегите новинари лиценцирани од Auto Bild низ Европа и весникот Bild am Sonntag.

Ова 45-то доделување на наградите „Златен волан“ се одржа на 9 ноември во Новинарскиот клуб во берлинскиот Аксел-Спрингер-Хаус  (Axel-Springer-Haus). За време на церемонијата што ја водела од Барбара Шенебергер (Barbara Schöneberger), на Маркус Дузман (Markusu Duesmann), извршен директор на AUDI AG, му беше врачена скулптура за „Најдобар автомобил на годината“.

 

„Во својот дизајн, e-tron GT го нагласува нашето тврдење како бренд за дизајн на автомобили. Со своите импресивни перформанси, тој нуди нај-емотивен тип на електро-мобилност. И со својот одржлив концепт изразува став, е-tron GT е нашиот водечки модел“, рекол меѓу другото на свеченото доделување директорот Дузман.

 

Златниот волан не само што е еден од најпрестижните, туку и најстариот автомобилски натпревар во Германија – тој за прв пат беше доделен во 1976 година. Околу 70 нови модели се натпреваруваа за Златен волан за оваа 2021 година, распоредени во 12 категории. Она што е посебно за него е што гласањето за најдобар автомобил на годината е натпревар во повеќе категории и читателите можат директно да гласаат за него. Тоа значи дека е вистинска награда од публиката и затоа е искрен, реален избор.

Инаку e-tron GT се смета за пионер за електричната иднина на Audi, бидејќи од 2026 година марката ќе лансира само нови модели со електрични погонски системи.

Моделот е -tron GT манифестира емотивен дизајн, динамични перформанси и одржлив концепт.

Покрај наградата „Златен волан“, ова тврдење го поткрепуваат и неколку други награди.

Така, Gran Turismo ја освои наградата Autonis 2021 за најдобра дизајнерска иновација во класата на луксуз што ја доделува списанието Auto motor und sport.

Наградата „Германски автомобил на 2022 година“ исто така отиде кај e-tron GT во категоријата луксузни автомобили.

Автомобилот е-tron GT го отелотворува електричниот предводник во портфолиото на Audi и, наспроти фактот што на пазарот не е ниту една цела  година, овој автомобил на производителот од Инглоштад има потенцијал да стане вистинска класика.Toa воопшто нема да претставува изненадување бидејќи „господарот на прстените“ многу пати се докажал на полето на иновации, перформанси и квалитет, а и во  однос на стилскиот израз често го погодува вкусот на публиката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Lada во Октомври ја зголеми продажбата во Европа!

Tesla отповикува 7600 возила во САД

Renault Sport го затвора профилот на социјалните мрежи!

Се интензивира производството на EV во Индија

Volkswagen ќе учествува во најголемиот и најбрз циркус на тркала F1

KIA со рекорден пазарен удел во Европа и најдобар трет квартал во сторијата

Од Polestar со најава за три електрични автомобили до 2024 година

Цената на бензините одат долу, на дизелот расте

Ford Bronco можеби и на пазарите на Стариот континент