Audi e-tron GT збогум за R8

Пет метри долгото coupe моќно 440 kW од место до 100km/h „спринтира“ за 3,5 секунди, до 200 km/h за 12, а топ брзината поради „штедење“ е лимитирана на 240 km/h, додека по WLTP протоколот располага со автономија од 400 km

Од Инглоштад стигна најавата за ултра спортскиот coupea e-tron GT, со атрактивен изглед и со импозантни димензии.

Растегнат на пeт мети во должина и проширен на два метра, додека висината му е 1,38 m, делува впечатливо со поставеноста на тркала големи 22-инча, со алуминиумски фелни.

Се е луксузно и  hi-tech изработено и со изведбата потсетува на футуристичката верзија на моделот A7 Sportback.

Електро моторниот погонски систем е идентичен со тој на i Porsche Taycan. Го задвижуваат два електромотора ( едниот на предната, а вториот на задната оска) со вкупна моќност од 440 kW (590 KS), што му обезбедуваат супериорни перформанси.

Така од 0 до 100 km/h забрзува за 3,5 секунди, а од 0 до 200 km/h за 12 секунди.

Иако располага со доволно сила за надминување на максимална брзина од 300 km/h, таа, поради штедење, е лимитирана на 240 km/h, со цел да му се зголеми автономијата на возење со едно полнење на батериите .

Енергијата ја црпи од литиум јонски батерии со капацитет од 90 kWh, што, по WLTP циклусот му обезбедуваат автономија на возење со едно полнење на истите од 400 km.

Со брза полнач за само 20 минути можат да се наполнат до 80 проценти од капацитетот, a предвидено е и идуктивно  полнење без употреба на кабли.

 

Неговата презентација, се предвидува, да биде во текот на наредната 2020 година, a со неговото пристигнување, растрошниот и еколошки не прифатливиот R8 ќе ја загуби смислата на своето постоење и дефинитивно заминува во историја!.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот  Ford Focus ST Wagon жежок семеен автомобил

Porsche Cayenne S Coupe со V6 и 440 КЅ!

Претставен новиот McLaren Gt нов диктатор во лигата!

Opel Grandland X отсега ќе вози и на струја со 300 КЅ!

Citroen со ултра удобен футуристички концепт -Citroen 19_19 concept

Porsche 911 Targa (2020.) уловена на тестирање на автопат

Dacia на струја пристигнува 2021 година

VW I.D. доби име I.D.3 на финално филигранско дотерување пред лансирање!

Ford Mustang Shelby GT-S co 700+ KS