Audi електричните возила ќе ги гради на четири платформи

Audi и официјално го презентира својот план наречен „Road map E“, односно производителот на премиум автомобили од Инглоштад постепено се врти кон електрификацијата и до 2025 година планира да претстави дури 30 електрифицирани модели…

Целата работа е уште по импресивна кога се знае дека од нив дури 20 возила ќе бидат со целосно електричен погонски систем.

Основата околу која ќе се развива планот се четирите платформи што ќе ја носат електрификацијата и ќе ја однесат Компанијата во новата ера на патниот превоз.

Иднината е тука и во премиум брендот се подготвени силно да зачекорат во неа.

Но, да почнеме по ред со претставување на платформите на кои Audi ќе ги гради електрифицираните автомобили!

Модифицирана MLB Evo платформа

Меѓутоа, Audi сака да „ игра на сигурно“, па за своите електрични возила ќе користи како што рековме четири различни платформи.

Веќе е претставен моделот E-Tron SUV базиран врз модифицирана варијанта на MLB evo платформа.

Втората е J1 платформа

Секако во иднина се очекуваат поголеми промени, па така Audi своите нови електрични модели ќе ги постават на платформи што се дизајнирани специјално за електрични возила.

Првиот модел што ќе биде базиран на една од нив е токму сериската верзија на концепт моделот E-Tron GT.

Тој модел на пазарот треба да пристигне наредната 2020 година, a ќе се базира врз J1 платформата на која е поставен и Porsche Taycan.

MEB платформа

Една година потоа Audi ќе ја претстави и третата платформа за електрични возила.

Станува збор за MEB платформа на компанијата Volkswagen, на која е поставен и VW ID.3.

Првиот модел од Инглоштад што ќе биде поставен на таа платформа ќе биде сериската варијанта на концепт моделот Q4 E-Tron.

Тој по габаритот ќе има димензии слични на тие на моделот Q3, но внатрешноста ќе биде пространа како кај моделот Q5.

По него, Audi ќе претстави уште еден модел базиран на таа платформа, а сите тие ќе имаат компактна, или пак средна димензија.

Од Audi не навлегоа во детали, но кажано е дека тие модели ќе имаат „ дизајн што фасцинира, квалитетна внатрешност и најсовремени оперативни системи“. Меѓутоа тоа, што можеби е уште поважно, е дека моделите базирани врз MEB платформата ќе бидат поевтини од останатите електрични возила на овој производител.

Со цел цените да бидат што е можни пониски, Audi планира на купувачите да им понуди воведни варијанти на електрични модели со погон на задни тркала и електромотор сместен кај задната оска.

Секако, во понуда ќе се најдат и поскапи верзии со погон на сите четири тркала и со два електромотора.

PPE платформа

Целосно електричен, луксузен автомобил со големи димензии ќе бидепоставен на PPE платформа.

Таа платформа Audi ја развива во соработка со компанијата Porsche. На таа платформа ќе бидат базирани модели со караван, crossover, sportback и SUV форма на каросерија.

Таа платформа ќе биде слична на MEB платформата. Таа ќе подржува конфигурација со погон на задни тркала и електромотор поставен на задниот дел, но и два електромотора и погон на сите тркала.

Меѓутоа таа ќе биде значително подобра и ќе има подобра технологија, пред се тука се мисли на посилна електрична мрежа и капацитет на полнење од 350 kW.

Модел базиран врз PPE платформата ќе има и адаптивно воздушно потпирање, управување на сите тркала…

Како дел од тизер Audi најави и концепт модел базиран токму врз PPE платформи.

Тој го добил името „ Sportback-Layaout”.

За тој модел не се знае многу но претходно за истиот беше речено дека би можел да почне со производство во 2023 година.

Тој ќе има дизајн инспириран од моделите E-Tron GT и A7 Sportback.

Како и да е тој со димензиите ќе биде сличен на моделот A4.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иднината на горивните ќелии и хидроген возила се по розова

Volkswagen ID.3 ќе комуницира со патниците

 Hyundai со хидроген инфраструктура за камиони со горивни ќелии

Виртуелен авто механичар!

VW со мал електричен автомобил поевтин од 20.000 евра

Land Rover Defender со технологија за далечинско управување!?

Со новата Škod, купувате и Laurа – нова асистенција во возењето!

Висока ефикасност: Нова Opel Corsa и Opel Astra со LED фарови што штедат енергија

Со VEX роботски елек KIA ја олеснува работата на работниците!